Слика

Почитувани идни студенти,

Со оглед на моменталната состојба и финансиските последици предизвикани од ширењето на коронавирусот (Covid-19), оваа година ги намаливме редовните цени на годишната школарина и дополнително ви овозможивме поволности при упис во месец август.

             

Наместо 1.500€, Вашата годишна школарина при упис во академската 2021/2022 година ќе изнесува 1.250€ до завршување на студиите.

Наместо 3.000€, Вашата годишна школарина при упис во академската 2021/2022 година ќе изнесува 2.500€ до завршување на студиите.

Останува поволноста за сите кандидати кои ќе се запишат во месец август, да ја исплаќаат школарината на 6 /шест/ рати, секоја академска година.

При Аплицирањето/уписот плаќате депозит од 300€ , односно 500€ на Факултетот за стоматологија. Депозитот се засметува кон ратите за првата година студии.

Дополнителна поволност при упис во месец август  – 10% попуст на редовната цена на школарина за 2021/2022 година, доколку извршите уплата на целиот износ во рок од 7 /седум/ дена од поднесувањето на апликацијата.

За да ги искористат поволностите, апликација за упис на прв циклус можат да поднесат и кандидатите кои се уште немаат обезбедено доказ за положена државна матура оваа година, или пак чекаат на издавање документи за завршено средно образование од средното училиште. Во тој случај поднесената апликација нема да се смета како пријава за упис, туку како резервација на уписно место, а уписот ќе биде извршен откако кандидатите ќе ги исполнат условите пропишани со Конкурсот и ќе ги достават сите потребни документи, но не подоцна од 30.09.2021.

КОНКУРСИ ЗА УПИС НА I И II ЦИКЛУС СТУДИИ

КОНКУРС I ЦИКЛУС 2021/2022

КОНКУРС II ЦИКЛУС 2021/2022

Апликациите за упис можете да ги преземете од следните линкови:

АПЛИКАЦИЈА ЗА УПИС 2021/2022 – I ЦИКЛУС

АПЛИКАЦИЈА ЗА УПИС 2021/2022 – II ЦИКЛУС

Пополнете ја Апликацијата електронски, кликнете Save, и електронски доставете ја заедно со скенираните документи со кои располагате, а се пропишани со Конкурсот, на следната e-mail адреса: [email protected]

*документите што ќе ги поднесете електронски, комплетно ги доставувате до Студентската служба заедно со сите останати пропишани документи согласно Конкурсот, во оригинал, најдоцна до 30.09.2021

Заинтересираните кандидати за трансфер пополнуваат Барање за трансфер и заедно со скен од Уверение за положени испити и копија од Индекс, го поднесуваат на [email protected]

Барањето за трансфер е достапно за преземање на следниот линк:

БАРАЊЕ ЗА ТРАНСФЕР

За дополнителни информации можете да се обратите до Студентската служба на Европски Универзитет, секој работен ден од 08:00 – 18:00 часот, на e-mail: [email protected] и на телефонските броеви 02 320 21 00, 02 320 2101 и 078 482 050.

УПЛАТНИЦА ЗА ДЕПОЗИТ – Факултет за детективи и криминалистика, Факултет за арт и дизајн, Факултет за економски науки, Факултет за информатика, стручни студии Забни техничари на Факултетот за стоматологија

УПЛАТНИЦА ЗА ДЕПОЗИТ – Факултет за стоматологија (академски студии) 

УПЛАТНИЦА ЗА ШКОЛАРИНА СО 10% ПОПУСТ – Факултет за детективи и криминалистика, Факултет за арт и дизајн, Факултет за економски науки, Факултет за информатика, стручни студии Забни техничари на Факултетот за стоматологија

УПЛАТНИЦА ЗА ШКОЛАРИНА СО 10% ПОПУСТ – Факултет за стоматологија (академски студии) 

Ве очекуваме. 

ЕВРОПСКИ УНИВЕРЗИТЕТ Скопје

Една визија, едно семејство.

 

август 9, 2021

УПИСИ 2021/22 – ПОВОЛНОСТИ ВО М.АВГУСТ

Почитувани идни студенти, Со оглед на моменталната состојба и финансиските последици предизвикани од ширењето на коронавирусот (Covid-19), оваа година ги намаливме редовните цени на годишната школарина […]
јули 23, 2021

Склучен Договор за соработка со граѓанскиот Независен Синдикат на Полицијата

Европски Универзитет на ден 23.07.2021 год. склучи Договор за соработка со граѓанскиот Независен Синдикат на Полицијата, кој што овозможува поволности за лицата-членови на синдикатот и членовите […]
јули 1, 2021

УПИСИ 2021/22 – ПОВОЛНОСТИ ВО М.ЈУЛИ

Почитувани идни студенти, Со оглед на моменталната состојба и финансиските последици предизвикани од ширењето на коронавирусот (Covid-19), оваа година ги намаливме редовните цени на годишната школарина […]
јуни 8, 2021

ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА СТУДЕНТИ – ИЗМЕНА ВО НАЧИНОТ НА ПОЛАГАЊЕ НА ИСПИТИ И ОДБРАНА НА ДИПЛОМСКИ И МАГИСТЕРСКИ ТРУДОВИ ВО ЈУНСКА СЕСИЈА 2020/2021

Почитувани студенти, По одлука на Ректорската управа на ЕВРОПСКИ УНИВЕРЗИТЕТ Скопје, Ве известуваме дека: СЕ ВОВЕДУВА полагање на испити и одбрана на дипломски и магистерски трудови, […]