Слика

Почитувани идни студенти,

Со оглед на моменталната состојба и финансиските последици предизвикани од ширењето на коронавирусот (Covid-19), Европски Универзитет и понатаму овозможува поволности при уписот.

Сите кандидати кои што ќе аплицираат за упис на I циклус студии во вториот уписен рок (од 01.07.2020 до 31.08.2020), добиваат намалување на школарината за првата година студии.

  • Факултет за детективи и криминалистика,
  • Факултет за арт и дизајн,
  • Факултет за економски науки,
  • Факултет за информатика
  • Факултет за правни науки (*само трансфер во 3-та год.)

Наместо редовната цена од 1.500, Вашата школарина за првата година студии ќе изнесува 1.250.

  • Факултет за стоматологија

Наместо редовната цена од 3.000€, Вашата школарина за првата година студии ќе изнесува 2.500€.

*Напомена: Од втората година се применува редовната цена од 1.500€ / 3.000€ – стоматологија. За II циклус студии важи редовната цена на годишна школарина во износ од 1.500€.

При Аплицирањето/уписот плаќате депозит од 300€ , односно 500€ на Факултетот за стоматологија.

Школарината ја плаќате секоја академска година на 3 рати : I рата, до 15.09 (*депозит при упис, остаток до 15.09.2020) ; II рата, до 15.02 ;  III рата : до 15.05.

Без скриени трошоци!

Во износот на школарината се вкалкулирани трошоците за: пакет учебници за секоја година, студентска организација, осигурување, како и еднократните трошоци за издавање Индекс и Студентска легитимација. На Факултетот за стоматологија, набавката на лекарски мантил и коленик е личен трошок на Студентоткој истите ги задржува и користи и по завршување на студиите.

Пријава на испит = 620 ден. во редовните рокови, за задоцнето пријавување 930 ден. по испит ;

Пријава на колоквиум = 460 ден. ;

Одбрана на дипломски труд со издавање уверение за завршен I циклус студии = 8.790 ден. ;

Одбрана на м-р труд со издавање уверение за завршен II циклус студии = 14.340 ден. ; Дипломска/магистерска одора = 500 ден. ;

Уверение за положени испити = 1.000 ден. ;

Потврда за редовен/вонреден студент = 100 ден. ;

Исписница = 12.340 ден. (*во случај на испишување).

Напомена : Доколку сте завршиле средно образование оваа година, а во моментов не располагате со комплетна документација, поднесената Апликација нема да се смета како пријава за упис, туку како резервација на уписно место, а уписот во матичната книга ќе биде извршен откако ќе ги доставите сите пропишани документи согласно Конкурсот , но не подоцна од 30.09.2020.

*Потсетување дека за упис на I циклус студии во академската 2020/2021 година можат да аплицираат и кандидатите кои се стекнале со диплома за завршено средно образование во траење од четири години во учебната 2019/2020 година и се ослободени од обврската за полагање државна матура. Условите за упис на оваа категорија кандидати се исти како и досега – рангирање по успех и интервју, без приемен испит.

Апликациите за упис се достапни на следните линкови:

АПЛИКАЦИЈА ЗА УПИС ЦИКЛУС

Апликација за упис на I циклус студии 2020/21

АПЛИКАЦИЈА ЗА УПИС II ЦИКЛУС

Апликација за упис на II циклус 2020/21

Пополнете ја Апликацијата електронски, кликнете Save, и електронски доставете ја заедно со скенираните документи со кои располагате, а се пропишани со Конкурсот, на следната e-mail адреса: [email protected]

*документите што ќе ги поднесете електронски, комплетно ги доставувате до Студентската служба заедно со сите останати пропишани документи согласно Конкурсот, во оригинал, најдоцна до 30.09.2020

Информација за уплата на депозит

Конкурси за упис (потребни документи)

КОНКУРС ЦИКЛУС

Конкурс за упис на I циклус студии 2020/21

КОНКУРС II ЦИКЛУС

Конкурс за упис на II циклус студии 2020/21

Ве потсетуваме и за можноста за плаќање годишна школарина на 12 и повеќе рати преку кредитите за студирање на Комерцијална банка АД Скопје, достапни по најповолни услови за студентите на Европски Универзитет. Повеќе информации во Студентска служба на тел.бр. 02/320 2100, e-mail: [email protected], како и во експозитурата на КБ лоцирана во управната зграда на Макпетрол-Скопје, тел.бр. 072/266 137.

Ве очекуваме.

Студирајте Европски!.

јуни 30, 2020

Промотивна цена на школарина за првата година студии (втор уписен рок)

Почитувани идни студенти, Со оглед на моменталната состојба и финансиските последици предизвикани од ширењето на коронавирусот (Covid-19), Европски Универзитет и понатаму овозможува поволности при уписот. Сите […]
мај 27, 2020

ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА ПОЛАГАЊЕ СО ФИЗИЧКО ПРИСУСТВО

Почитувани студенти, Ве известуваме дека согласно Уредбата со законска сила за дополнување на уредбата со законска сила за примена на законот за високото образование за време […]
мај 6, 2020

ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА ON-LINE ПОЛАГАЊЕ

ИНФОРМАЦИЈА ЗА ON-LINE ПОЛАГАЊЕ КОЛОКВИУМИ И ИСПИТИ ВО ЈУНСКИОТ ИСПИТЕН РОК  2019/20 ГОДИНА И ON-LINE ПРИЈАВУВАЊЕ/ОДБРАНА НА ДИПЛОМСКИ И МАГИСТЕРСКИ ТРУДОВИ Почитувани студенти, Имајќи ги во […]
април 24, 2020

Студирање по промотивна цена

Почитувани идни студенти, Искористете ја можноста за студирање по промотивна цена! Сите кандидати што ќе аплицираат во првиот уписен рок (од 16.04.2020 до 30.06.2020), добиваат намалување на […]