Тригодишни стручни студии за Забни техничари – прв циклус студии

Мисија

Со реализација на студиската програма - стручни студии од прв циклус за Забни техничари на Факултетот за стоматологија при Европски Универзитет, целта ни е да оспособиме кадар којшто доминантно ќе се занимава со спроведување на мерки и постапки во заботехничките лаборатори со примена на најсовремени биотехнолошки средства во стоматологијата и ќе го најде своето место на пазарот на трудот во нашата држава и пошироко и ќе ги оправдува поставените цели.

Прв циклус стручни студии за забни техничари

Стручните студии од прв циклус студии за забни техничари се организирани како тригодишни студии, структурирани и организирани согласно одредбите на Законот за високото образование.
По завршувањето на студиите студентот се стекнува со стручен назив „ДИПЛОМИРАН СТРУЧЕН ЗАБЕН ТЕХНИЧАР во областа на ПРОТЕТИКА И ОРТОДОНЦИЈА“, со 180 ЕКТС кредити и целосно исполнување на дескрипторите за квалификации и припаѓа во групата VI/Б степен, според Уредбата за националната рамка на високо-Образовните квалификации ( Службен весник на РМ, бр.154 од 30.11.2010 година).

Студиска програма I циклус стручни студии Забни техничари: Програма Забни техничари 180ЕКТС

Решение за (ре)акредитација – Забни техничари: Акредитација (Забни техничари)

Решение за почеток со работа – Забни техничари: Почеток со работа МОН (Забни техничари)