Зошто Европски Универзитет?

Студентот и квалитетот на неговото образование се на прво место во Европски Универзитет

 

Почитувани идни студенти,

Во продолжение можете да се запознаете со дел од успешните приказни на нашите дипломирани и магистрирани студенти кои најдобро го даваат одговорот на прашањето зошто би го одбрале Европски Универзитет како ваша високообразовна установа.

Д-р Гордана Стојанова – доктор по стоматологија (Велика Британија)
General Dental Council – Oпштиот Стоматолошки Совет е законски регулатор на Велика Британија, кој регулира и регистрира квалификувани стручни стоматолози.
На 2 Август 2017 година, General Dental Council ја призна и регистрира дипломата на Гордана Стојанова за соодветна и компететна на стандардите за образование и обука во Велика Британија.
Гордана Стојанова за прв пат се запиша во академската 2008/2009 година и беше редовен студент во текот на петгодишните студии на Факултетот за Стоматологија и на ден 10 Јули 2013 година го брани дипломскиот труд на тема: : „ Композитни материјали и нивна примена во рествративната одонтологија “ и се стекнува со научен назив ДОКТОР ПО СТОМАТОЛОГИЈА.

Илија Цветановски

Студирав на Факултетот за економски науки при Европскиот универзитет – Република Македонија во периодот од 2005 до 2008 година на насоката финансиско-банкарски и даночен менаџмент, каде дипломирав со просек 9.9. По дипломирањето продолжив на постдипломски студии на Универзитетот Шефилд на отсекот Маркетинг, рекламирање и односи со јавност кои ги завршив со First Class Honors.
Во САД бев Втор Секретар во Македонската Амбасада во Вашингтон, ДЦ задолжен за економски прашања и Head of International Office во Мајами во Агенција за странски инвестиции, а работев со бројни Fortune 500 компании. Завршив на London School of Economics на една од најдобрите и најкомпетитивни Менаџмент и МБА програми во светот каде бев избран за претседател, член на SSL комитетот на Менаџмент департментот од страна на професорите на програмата и бев истакнат како еден од најдобрите кандидати кои ја комплетирале програмата во последните 35 години. Бев дел од Глобалниот Форум во Баку и состаноците на Светската Академија на науки и уметности во март 2019 година. Од мај 2019 започнувам со работа како Chief Strategic Officer of Business Development and Marketing at International Solutions Center, a Time Global company from New York City, USA.

Александра Распашковска MSc in Economics ( Slovenia)
Меѓународен реномиран универзитет во областа на економијата и бизнисот – Економски факултет, Универзитет во Љубљана ( денес преименуван во Универзитет во Љубљана, Школа за економија и бизнис- SEB LU ) препознаено како влијателно училиште кое ги држи најважните меѓународни акредитации во деловното образование ( EQUIS, AACSB и AMBA) во целост ја признава и препознава дипломата на Европски Универзитет за компетентна со европскиот образовен систем.
Александра Распашковска, дипломиран економист на Факултетот за економски науки при Европски Универзитет, насока Финансиско – банкарски и даночен менаџмент ги продолжува своите магистерски студии на државниот универзитет во Љубљана, на насоката Банкарски и финансиски менаџмент. Магистрира на тема : „ Фактори на успешност на Кикстартер кампањи “ и денес успешно работи во една државна компанија и жевее во Љубљана.

Ана Петровска – MSc in Economics ( Slovenia)
Универзитетот во Љубљана е најголемата и најстарата високообразовна институција во Словенија, рангиран меѓу првите 500 Универзитети од престижната Академска ранг – листа на светски универзитети ( Academic Ranking of Word Universities – ARWU), рангиран е на 370 место во Центарот на светски универзитети ( The Center for World University Rankings – CWUR) и се набројува во групата меѓу 601- 800 во ранг – листата на Times Higher Education ( THE). Во својата 100 – годишна и богата традиција има повеќе од 40.000 додипломски и постдипломски студенти од 23 факултети и три Академии за уметности.
Ана Петровска, во јуни 2014 година, дипломира на Факултетот за економски науки, во состав на Европски Универзитет –Република Македонија и со комплетно призната и прифатена диплома ги продолжува своите студии на Унивезитетот во Љубљана , на Факултетот за економски науки, насока Бизнис информатика . Во октомври 2018 година, Ана Петровска успешно ја брани својата магистерска теза : „ Моделирање и подобрување на бизнис процесите – случај на компанија за нафта и гас“ и станува магистер на економски науки. Ана продолжува успешно да ја гради својата кариера во Љубљана, Словенија валоризирајќи ја својата диплома на пазарот на труд.

Д-р МЕХМЕТ БЕЈХАН – доктор по стоматологија (интернационален студент од Р.Турција)

Македонија е прекрасна и мирна земја со искрени и добронамерни луѓе, тука се чувствувам слободен во движењето насекаде каде ќе посакам да одам.
Добра храна, многу сончеви денови и многу позитивни млади луѓе. Наставата на европскиот универзитет е интерактивна што овозможува студентот да научи повеќе споделувајќи го и своето мислење.Токму тоа ми го исполни сонот да станам одличен стоматолог.

Анита Василевска – дипломиран економист ( Атланта, Џорџија, САД)
Основана во 1946 година, WIKA Instruments денес е силен и сигурен партнер за сите барања на индустриската мерна технологија, благодарение на широкото портфолио на високопрецизни инструменти и сеопфатни услуги.
Еден од над 500 – те искусни вработени во одделот за продажба кои консултираат купувачи и корисници компетентно на партнерска основа е и Анита Василевска, дипломиран студент на Европски Универзитет на Факултетот за економски науки, на насоката Финансиско- банкарски и даночен менаџмент. World Education Services (WES) ја признава нејзината диплома и образовни квалификации во САД. Анита, денес живее и работи во Атланта, Ѓорѓија, а своите студии планира да ги продолжи и да запише магистерски студии на Business Administration (MBA) – Georgia Tech.

Д-р КААН ДЕМИР – доктор по стоматологија (интернационален студент од Р.Турција)
Ординација на Абдурахман Бешер/ Измир, Конак

Желбата да бидам стоматолог ја имам од најраната возраст.Имав неколку опции при изборот на факултет но јас се решив за европскиот универзитет и воопшто не згрешив. Изборот за студирање во Скопје и топло го препорачувам на идните студенти. Универзитетсе наоѓа во срцето на главниот град, во центарот на Скопје. Квалитетот на професорите е тој што од нас направи доктори кои се спремни за работа и со најсложените процеси на работа со пациентите.

Езги Пајам – доктор по стоматологија ( Турција)
Езги Пајам на ЕУРМ дипломираше во септември 2018 година, а во февруари 2019 година успешно го положи државниот испит кој се спроведува од страна на Советот за високо образование на Р. Турција и доби нострификација и признание на нејзината диплома стекната на ЕУРМ.