УПИСИ 2022/23 – ПОВОЛНОСТИ ВО М.СЕПТЕМВРИ

ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА СТУДЕНТИ – ON-LINE ПРИЈАВУВАЊЕ ИСПИТИ – ЈУНСКА СЕСИЈА 2021/22
јуни 1, 2022
ФЕН Јунска сесија, летен семестар 2021/22 – термини за полагање
јуни 2, 2022
Прикажи ги сите

УПИСИ 2022/23 – ПОВОЛНОСТИ ВО М.СЕПТЕМВРИ

Почитувани идни студенти,

Уписите за академската 2022/2023 година се во тек.

Оваа година, редовните цени на годишната школарина се повторно намалени и дополнително ви се овозможени поволности при упис / поднесување апликација во месец септември.

Годишната школарина за првата година студии во академската 2022/2023 година за сите кандидати кои ќе поднесат апликација за упис на I и II циклус во месец септември изнесува 1.250, и тоа за: Факултетот за детективи и криминалистика, Факултетот за арт и дизајн, Факултетот за економски науки, Факултетот за информатика, Факултетот за правни науки (*II циклус „Казнено право“ 60 ЕКТС) и стручните студии за забни техничари. За академските студии на Факултетот за дентална медицина школарината изнесува 2.500€. Сите кандидати кои ќе аплицираат во месец септември добиваат можност да ја исплаќаат школарината на 6 /шест/ рати, секоја академска година. При аплицирањето/уписот се врши уплата на депозит од 300€ , односно 500€ на Факултетот за стоматологија. Депозитот се засметува кон ратите за првата година студии.

За да ги искористат поволностите, апликација за упис на прв циклус можат да поднесат и кандидатите кои сеуште немаат завршено средно образование, но ќе завршат/ матурираат оваа година. Во тој случај поднесената апликација нема да се смета како пријава за упис, туку како резервација на уписно место, а уписот ќе биде извршен откако кандидатите ќе ги исполнат условите пропишани со Конкурсот и ќе ги достават сите потребни документи, но не подоцна од 30.09.2022.

Дополнителна поволност при упис во месец септември – 10% попуст на редовната цена на школарина за 2022/2023 година, доколку извршите уплата на целиот износ во рок од 7 /седум/ дена од поднесувањето на апликацијата.

КОНКУРСИ ЗА УПИС НА I И II ЦИКЛУС СТУДИИ

Конкурс за упис I циклус 2022/2023

Конкурс за упис II циклус 2022/2023 

Апликациите за упис можете да ги преземете од следните линкови:

АПЛИКАЦИЈА ЗА УПИС 2022/2023 – I ЦИКЛУС

АПЛИКАЦИЈА ЗА УПИС 2022/2023 – II ЦИКЛУС

Пополнете ја Апликацијата електронски, кликнете Save, и електронски доставете ја заедно со скенираните документи со кои располагате, а се пропишани со Конкурсот, на следната e-mail адреса: [email protected]

*документите што ќе ги поднесете електронски, комплетно ги доставувате до Студентската служба заедно со сите останати пропишани документи согласно Конкурсот, во оригинал, најдоцна до 30.09.2022

Уплатница за депозит – Факултет за детективи и криминалистика, Факултет за арт и дизајн, Факултет за економски науки, Факултет за информатика, стручни студии Забни техничари на Факултетот за дентална медицина

Уплатница за депозит – Факултет за дентална медицина (академски студии) 

УПЛАТНИЦИ СО ПРЕСМЕТАН ПОПУСТ 10% ЗА I ГОДИНА (*ЗА УПЛАТА НА ЦЕЛ ИЗНОС)

УПЛАТНИЦА ЗА ШКОЛАРИНА (10% ПОПУСТ ЗА I ГОДИНА)  – Факултет за детективи и криминалистика, Факултет за арт и дизајн, Факултет за економски науки, Факултет за информатика, стручни студии Забни техничари

УПЛАТНИЦА ЗА ШКОЛАРИНА (10% ПОПУСТ ЗА I ГОДИНА) – Факултет за дентална медицина (академски студии) 

За дополнителни информации можете да се обратите до Студентската служба на Европски Универзитет, секој работен ден од 08:00 – 18:00 часот, на e-mail: [email protected] и на телефонските броеви 02 320 21 00, 02 320 2101 и 078 482 050.

Ве очекуваме. Студирајте Европски!