За нас

 

EВРОПСКИ УНИВЕРЗИТЕТ Скопје е приватна високообразовна установа која што реализира студии од прв и втор циклус во повеќе научни области – стоматологија и забни техничари на Факултетот за стоматологија; финансии, маркетинг и менаџмент на Факултетот за економски науки; софтверско инженерство на Факултетот за информатика; арт и дизајн (графички, моден, дизајн на ентериер) на Факултетот за арт и дизајн; криминалистика и безбедност на Факултетот за детективи и криминалистика, и право на Факултетот за правни науки.

Универзитетот се наоѓа во центарот на Скопје, главниот град на Р.С. Македонија, држава во Југоисточна Европа со богата традиција и културна разновидност. Наставата се изведува во целосно опремена зграда од 13.000 m2, во современи услови, преку спој на теорија и пракса, искуство и знање, со можност за мобилност во студирањето. Европски Универзитет е атрактивна дестинација и за странските студенти поради квалитетните студии по прифатлива цена, можноста за студирање на англиски јазик, широкиот избор на високообразовни квалификации, достапните и грижливи професори и ниските животни трошоци.

Актуелните студиски програми на факултетите се усогласени со стандардите на европскиот образовен простор и истите се (ре)акредитирани во 2018 година. Дипломата што ја добиваат студентите по завршување на студиите е меѓународно призната и отвора голем број можности за вработување и перспективна кариера, за што сведочат бројни примери.

 

Факултет за стоматологија Факултет за детективи и криминалистика Факултет за арт и дизајн Факултет за економски науки Факултет за информатика Факултет за правни науки
Решение за акредитација Стоматологија 5 год. интегрирани студии I и II циклус

Стоматологија 5 год. интегрирани студии I и II циклус (Англиски јазик)

Забни техничари 3 год. стручни студии

I циклус Криминалистика 4 год.

II циклус Безбедност (4+1)

I циклус Арт и дизајн 4 год.

II циклус Арт и дизајн (4+1)

II циклус Арт и дизајн (3+2)

I циклус

Финансии 4 год.

Маркетинг 4 год.

Бизнис менаџмент 4 год.

II циклус

Финансии (4+1)

Маркетинг (4+1)

Бизнис менаџмент (4+1)

Здравствен и фармацевтски менаџмент (4+1)

I циклус Софтверско инженерство 4 год.  

I циклус Правни студии 3 год.

II циклус Казнено право 1 год.

 

Решение за почеток со работа Стоматологија 5 год. интегрирани студии I и II циклус

Стоматологија 5 год. интегрирани студии I и II циклус (Англиски јазик)

Забни техничари 3 год.стручни студии

I циклус Криминалистика 4 год.

II циклус Безбедност (4+1)

I циклус Арт и дизајн 4 год.

II циклус Арт и дизајн (4+1)

II циклус Арт и дизајн (3+2)

I циклус

Финансии 4 год.

Маркетинг 4 год.

Бизнис менаџмент 4 год.

II циклус

Финансии (4+1)

Маркетинг (4+1)

Бизнис менаџмент (4+1)

Здравствен и фармацевтски менаџмент (4+1)

I циклус Софтверско инженерство 4 год. I циклус Правни студии 3 год.

II циклус Казнено право 1 год.