
Студиски програми од втор циклус на студии на Факултет за правни науки
Одборот за акредитација на високото образование на Република Северна Македонија на својата 21 седница одржана на 09.09.2021 година донесе позитивна одлука која се содржи во Решението за акредитација на студиската програма “Казнено право” втор циклус на академски студии – постдипломски студии (60 ЕКТС), на Факултет за правни науки при Европски универзитет – Скопје Решение за акредитација. Студиската програма трае една година (два семестра), а по завршените студии студентот се стекнува со назив Магистер на правни науки, насока казнено право (Master in Law, module: Criminal Law), 60 ЕКТС. Решение за почеток со работа на студиска програма од втор циклус на академски студии – постдипломски студии (60ЕКТС) по “Казнено право” на Факултетот за правни науки при Европски Универзитет – Скопје донесе Директорот на агенцијата за квалитет во високото образование на Република Северна Македонија.Решение за почеток со работа.