
Вовед и мисија
Факултетот за економски науки како дел од Европскиот Универзитет за прв пат беше акредитиран во 2001 година.
Мисијата на Факултетот за економски науки е да обезбеди високо квалитетно образование кое ќе ги подготви студентите за успешна професионална кариера во областите на менаџментот, финансиите, маркетингот и економијата воопшто.
Главната цел на Факултетот за економски науки е да обезбеди висок квалитет на образование кое ќе може да се поистовети со образованието кое го нудат најдобрите високообразовни институции во Европа, па и во светот. На студентите им е овозможена силна академска основа со пристап до различни знаења (од областа на финансиското работење, бизнис менаџментот и маркетинг техники) и тие се подготвуваат да бидат продуктивни, компетентни професионалци и одговорни граѓани во разновидната и динамична глобална средина.
Поконкретни активности кои ги спроведува Факултетот, а кои произлегуваат од зацртната мисија и цел, а се во согласност со Законот за високо образование се:
- Континуирано обезбедување на високо ниво на знаење како врвен приоритет на факултетот.
- Унапредување на образовниот процес и образовните активности.
- Изведување на научни и истражувачки активности.
- Имплементација на современите европски и интернационални образовни трендови.
- Пренесување на научни и стручни, знаења и вештини.
- Соработка со високообразовни институции и научни установи во земјата и во странство.
- Квалитетна евалуација според европските и интернационални стандарди.
Студиски програми од прв и втор циклус
На Факултетот за економски науки се реализираат студиски програми од прв и втор циклус.
На првиот циклус студии (четиригодишни студии) се изучуваат студиските програми Бизнис менаџмент, Финансии и Маркетинг. По нивното завршување, студентот се стекнува со звање Дипломиран економист по бизнис менаџмент, Дипломиран економист по финансии и Дипломиран економист по маркетинг респективно. Со дипломирањето студентот се стекнува со 240 ЕКТС. На вториот циклус студии се реализираат едногодишни студии во областите - Бизнис менаџмент, Финансии, Маркетинг и Здравствен и фармацевтски менаџмент. По нивно завршување, студентот се стекнува со звање Магистер по економски науки во областа на бизнис менаџментот, Магистер по финансии, Магистер по маркетинг и Магистер по економски науки во областа на здравствен и фармацевтски менаџмент. Со завршување на вториот циклус студии студентот се стекнува со 60 ЕКТС.