
Студиски програми од прв циклус на студии на Факултет за арт и дизајн
На Факултетот за арт и дизајн се реализираат студиски програми од прв и втор циклус. По завршувањето на четиригодишните студии - прв циклус на студии, и одбраната на дипломската работа, студентот се стекнува со звање ДИПЛОМИРАН ДИЗАЈНЕР во областа на графички дизајн, ентериер дизајн или моден дизајн. Со дипломирањето студентот се стекнува со 240 ЕКТС.
Студиска програма - Арт и дизајн
Одборот за акредитација и евалуација врз основа на Извештајот на Експертската комисија на својата 18 седница одржана на 18.10.2018 година, донесе Решение со кое се акредитира Елаборатот за организирање на студиската програма по Арт и дизајн од првиот циклус на студии на Факултетот за арт и дизајн при Европски универзитет - Република Македонија Скопје бр. 1409-248/2.
Студиската програма по Арт и дизајн согласно овие решенија трае 4 години, односно 8 семестри. По завршувањето на студиите студентот се стекнува со 240 ЕКТС и со звање: ДИПЛОМИРАН ДИЗАЈНЕР во областа на графички дизајн, ентериер дизајн или моден дизајн.