
Студиски програми од прв циклус на студии на Факултетот за економски науки
На Факултетот за економски науки се реализираат студиски програми од прв и втор циклус. По завршувањето на четиригодишните студии (прв циклус на студии) и одбраната на дипломската работа, студентот се стекнува со звање Дипломиран економист, во областа на Финансии, Менаџмент или Маркетинг. Со дипломирањето студентот се стекнува со 240 ЕКТС.
Студиска програма - Финансии
Одборот за акредитација и евалуација на високото образование врз основа на Извештајот на Експертската комисија на својата 16 седница одржана на 04.09.2018 година, донесе Решение за акредитација на студиската програма Финансии прв циклус студии на Факултетот за економски науки при Европскиот универзитет - Република Македонија Скопје бр.1409 – 326/4 од 16.10.2018 година.
Студиската програма по финансии согласно овие решенија трае 4 години, односно 8 семестри. По завршувањето на студиите студентот се стекнува со 240 ЕКТС и со звање: Дипломиран економист по финансии.
Студиска програма – Бизнис менаџмент
Одборот за акредитација и евалуација на високото образование врз основа на Извештајот на Експертската комисија на својата 16 седница одржана на 04.09.2018 година, донесе Решение за акредитација на студиската програма Бизнис менаџмент прв циклус студии на Факултетот за економски науки при Европскиот универзитет - Република Македонија Скопје бр.1409 – 326/3.од 16.10.2018 година.
Студиската програма по Бизнис менаџмент согласно овие решенија трае 4 години, односно 8 семестри. По завршувањето на студиите студентот се стекнува со 240 ЕКТС и со звање: Дипломиран економист по бизнис менаџмент.
Студиска програма – Маркетинг
Одборот за акредитација и евалуација на високото образование врз основа на Извештајот на Експертската комисија на својата 16 седница одржана на 04.09.2018 година, донесе Решение за акредитација на студиската програма Маркетинг прв циклус студии на Факултетот за економски науки при Европскиот универзитет - Република Македонија Скопје бр.1409 – 326/2 од 16.10.2018 година.
Студиската програма по Бизнис менаџмент согласно овие решенија трае 4 години, односно 8 семестри. По завршувањето на студиите студентот се стекнува со 240 ЕКТС и со звање: Дипломиран економист по маркетинг.