Обраќање на Деканот
Драги студенти,
Определбата да го продолжите образованието на нашиот Факултет за правни науки, секако е еден од најважните избори во вашиот живот. Таа определба, како академски граѓани, ве става во елитата на општеството чија мисија е продолжување на развојот на правото и градење демократска правна држава. Факултетот за правни науки функционира во рамки на Првиот приватен универзитет во Република Македонија и постојано се труди да го оправда реномето на пионер во академското изучување на правото. Студиските програми на факултетот обезбедуваат заокружување на комплетно академско правно образование кое што е основа за вршење на сите правни професии во Република Македонија ( судија, адвокат, нотар, извршител... ). Меѓународната хармонизираност на студиските програми со првите педесет универзитети од Шангајската листа и нивното реализирање од извонредни професори по право, обезбедува и меѓународно признавање на дипломата стекната на нашиот факултет. Знаеме дека луѓето се најважни во било кои големи проекти. Затоа и ве очекуваме со радост заедно да продолжиме да достигнуваме нови повисоки дострели во наставата, унапредување на основните и практични истражувања, вградување чувство на етика и општествена одговорност и свест за научните предизвици на сегашноста и иднината.Ја делам вашата увереност дека ќе успееме во тоа.
Добредојдовте и многу успех,
Професор д-р Слободан Шајноски