Факултет за стоматологија – мисија

Вовед и мисија

Факултетот за стоматологија работи во составот на Европски универзитет - Република Македонијa. Во учебната 2018/2019 година се запиша деветата генерација студенти на Факултетот за стоматологија и седмата генерација студенти на Стручни студии на прв циклус за забни техничари.

На Факултетот за стоматологија во академската 2018/2019 година веќе седма година постои настава на турски јазик, а од пред една година и настава на англиски јазик. Факултетот за стоматологија своите наставни, научни, здравствени и истражувачки цели ги остварува во рамките на просторните, технолошките и административните услови на Европски универзитет - Република Македонијa и ПЗУ Универзитетски стоматолошки клинички центар „Проф д-р Бојо Андревски„. Клиничкиот центар а има склучено договор за соработка и со ЈЗУ Универзитетски стоматолошки клинички центар „Св. Пантелејмон„ – Скопје.

Тргнувајќи од поставената основна цел на ЕУРМ да обезбеди квалитетно образование, еквивалентно на најдобрите образовни институции во Европа и во светот и обрските од член 20 од Законот за високо образование, Факултетот за стоматологија своите активности ги насочува кон организирање на квалитетна високообразовна, научно-истражувачка и применувачка високостручна дејност во студиското и научно-истражувачкото подрачје на стоматологијата, воведува современи европски и меѓународни образовни трендови, врши квалитетна евалуација според европските и интернационални стандарди и остварува соработка со други високообразовни институции во земјата и во странство.

Со совладување на наставната програма на факултетот за стоматологија при ЕУРМ, студентите ќе се стекнат со знаења и вештини и ќе се оспособат сигурно да ги презентираат стекнатите знаења во ефикасно решавање на актуелните стоматолошките проблеми, ефикасно да ги користат условите и времето за работа и ќе се оспособат за несебична тимска работа. Стекнатото знаење како и научените вештини заедно со професионалните ставови ќе му овозможат на докторот по стоматологија поголема самостојност и сигурност во идната работа.

Покрај грижата за едукацијата на студентите и грижата за едукација на дипломираните студенти како врвен приоритет на Факултетот за стоматологија е да води постојаната грижа за континуиран развој на факултетот и наставниот кадар преку користење на литература од сопствената библиотека опремена со читална и комплетна покриеност со мрежа на компјутери со слободен пристап на интернет за наставниците, соработниците и студентите.

Студиски програми од прв и втор циклус

На Факултетот за стоматологија се организираат академски студии од прв и втор циклус, во траење од десет семестри и Стручни студии на прв циклус за забни техничари, во траење од шест семестри.

Студиската програма на Факултетот за стоматологија се спроведува во согласност со Законот за високо образование и правилниците на универзитетот.

Академските студии од интегрираните студии од први и втор циклус на Факултетот за стоматологија при ЕУРМ се во трење од десет семестри, а се вреднувани со вкупно 300 ЕКТС бода, односно секој семестар е вреднуван со 30 ЕКТС бода.

Стручни студии на прв циклус за забни техничари при Факултетот за стоматологија се во трење од шест семестри, а се вреднувани со вкупно 180 ЕКТС бода, односно секој семестар е вреднуван со 30 ЕКТС бода.

Уписот на студенти на Факултетот за стоматологија и Стручните студии на прв циклус за забни техничари се врши по претходно објавен Конкурс за упис во кој детално се прецизирани условите за запишување и роковите за запишување на студенти.