Факултет за детективи и криминалистика – мисија

Вовед и мисија

Факултетот за детективи и криминалистика како дел од Европскиот Универзитет за прв пат беше акредитиран во 2008 година.

Почитувани идни студенти, Факултетот за детективи и криминалистика има за цел да ве подготви за успешна кариера во областите на детективската дејност, јавната/приватната безбедност и криминалистиката. Наша основна мисија е да формираме кадри способни да се вклучат во откривањето, докажувањето, разјаснувањето и спречувањето на кривичните дела, како компетентни професионалци кои имаат висок степен на знаење за современите безбедносни процеси, ризици и закани.

Главната цел на Факултетот за детективи и криминалистика е да обезбеди висок квалитет на образование кое ќе може да се поистовети со образованието кое го нудат најдобрите меѓународни високообразовни институции. Факултетот за детективи и криминалистика е современа високообразовна институција, која нуди образование во прв и втор циклус на студии. Студиските програми на Факултетот за детективи и криминалистика нудат широк спектар наставни предмети од областа на криминологијата, казненото право, криминалистиката, безбедносните науки и детективската област.

За да ја спроведе во практика својата мисија, факултетот го насочува вниманието кон: одржување на постојано високо ниво на знаење како врвен приоритет на факултетот; овозможување на континуиран развој и академско усовршување на студентите; постојано унапредување на образовниот процес со примена на најдобрите практики од образованието и кон воспоставување кооперативни врски со интернационални образовни институции.

Студиски програми од прв и втор циклус

Факултетот за детективи и криминалистика реализира студиски програми усогласени со Законот за високо образование кои се состојат во додипломски студии прв циклус „Криминалистика“ во траење од 4 години (8 семестри) и постдипломски студии втор циклус „Безбедност“ во траење од 1 година (2 семестри). Со дипломирањето студентите се стекнуваат со звањето Дипломиран криминалист, а со магистрирањето студентите се стекнуваат со звањето Магистер по безбедност.