
Студиски програми од втор циклус на студии на Факултет за арт и дизајн
Студиска програма - Арт и дизајн, едногодишни студии (4+1)
Одборот за акредитација и евалуација врз основа на Извештајот на Експертската комисија на својата 16 седница одржана на 04.09.2018 година, донесе Решение со кое се акредитира Елаборатот за организирање на студиската програма Арт и дизајн од вториот циклус на студии (4+1) на Факултетот за арт и дизајн при Европскиот универзитет - Република Македонија Скопје бр.1409-248/2.
Студиската програма по Арт и дизајн согласно овие решенија трае 1 година, односно 2 семестри. По завршувањето на студиите студентот се стекнува со 60 ЕКТС и со звање: МАГИСТЕР ПО ДИЗАЈН од областа на Графички, Ентериер или Моден дизајн, со одбрана на истражувачки магистерски труд; или МАГИСТЕР ПО АРТ од областа на Графички, Ентериер или Моден дизајн - со презентирање на изработен дизајн проект или по организирање изложба.
Студиска програма – Арт и дизајн, двогодишни студии (3+2)
Одборот за акредитација и евалуација врз основа на Извештајот на Експертската комисија на својата 16 седница одржана на 04.09.2018 година, донесе Решение со кое се акредитира Елаборатот за организирање на студиската програма Арт и дизајн од вториот циклус на студии (3+2) на Факултетот за арт и дизајн при Европскиот универзитет - Република Македонија Скопје бр.1409-250/2.
Студиската програма по Арт и дизајн согласно овие решенија трае 2 години, односно 4 семестри. По завршувањето на студиите студентот се стекнува со 120 ЕКТС и со звање: МАГИСТЕР ПО ДИЗАЈН од областа на Графички, Ентериер или Моден дизајн, со одбрана на истражувачки магистерски труд; или МАГИСТЕР ПО АРТ од областа на Графички, Ентериер или Моден дизајн - со презентирање на изработен дизајн проект или по организирање изложба.