ПЗУ – УНИВЕРЗИТЕТСКИ СТОМАТОЛОШКИ КЛИНИЧКИ ЦЕНТАР

Јавен повик
јуни 2, 2020
СВЕДОШТВА – Ива Масларевска
јуни 11, 2020
Прикажи ги сите

ПЗУ – УНИВЕРЗИТЕТСКИ СТОМАТОЛОШКИ КЛИНИЧКИ ЦЕНТАР

Универзитетскиот стоматолошки клинички центар „ПРОФ.Д-Р БОЈО АНДРЕСКИ” Скопје е приватна здравствена установа која што врши стоматолошка дејност од сите специјалности, рентген дијагностика, забна техника и образовна/научно-истражувачка дејност за потребите на Факултетот за стоматологија во состав на Европски Универзитет Скопје.

Д Е Ј Н О С Т

Како прва приватна здравствена установа од овој тип, клиничкиот центар ги обезбедува на едно место сите дентални услуги по пристапни цени и со врвна услуга од истакнати професионалци во струката. Стоматолошкиот кадар го сочинуваат 13 искусни специјалисти од областите: Протетика, Ортодонција, Орална и максилофацијална хирургија, Болести на уста и заби, Детска и превентивна стоматологија, како и 3 доктори по општа стоматологија кои имаат склучено договор со ФЗОМ (матични стоматолози). Во функција на нивна поддршка се стоматолошките сестри, забните техничари и рентген техничарите. Воедно, стоматолозите-специјалисти вршат и наставно-научна дејност како наставници и асистенти на Факултетот за стоматологија и ги обучуваат идните доктори по стоматологија. Доделената Благодарница од Стоматолошката Комора на Македонија за развој на стоматолошката наука e големо признание за нивната успешна работа и исклучителните резултати.

И Н Ф Р А С Т Р У К Т У Р А

Претклинички дел 337 m2 Клинички дел 863 m2
Заботехничка лабораторија 1

Заботехничка лабораторија 2

7 простории наменети за секоја стоматолошка специјалност, со 32 стоматолошки столови

(Протетика, Ортодонција, Орална хирургија и имплантологија, Болести на заби и ендодонт, Детска и превентивна стоматологија x2, Болести на уста и пародонт)

Вежбална 1 Рентген кабинет
Вежбална 2 Тријажа
Лабораторија 1 (биохемија) Просторија за стерилизација
Лабораторија 2 (микробиологија) ВИП простории
Дополнителни простории Рецепција
Чекални
Просторија за персонал
Тоалети

Г А Л Е Р И Ј А

 

Л О К А Ц И Ј А

Клиничкиот центар е лоциран во зградата на Европски Универзитет на ул.„Мито Хаџивасилев Јасмин“ бб во центарот на Скопје (посебен влез од северната страна). За вршење на дејноста е обезбеден простор од 1.200 m2, лесно достапен, на едно ниво (приземје), со пристап за лица со инвалидитет и сопствен паркинг.

К О Н Т А К Т  И Н Ф О Р М А Ц И И

За закажување преглед, интервенција, рентген снимање и други стоматолошки услуги, јавете се на телефонскиот број: 02 / 3 202 022

Можете да добиете и дополнителни информации за избор на матичен стоматолог и цената на услугите.

Контактирајте не електронски на e-mail адресата: [email protected].

Следете не на социјалните мрежи за новости, настани, промотивни акции и попусти.

Ве очекуваме!