Слика

Почитувани студенти,

Пријавувањето на испитите од мартовска испитна сесија во академската 2020/21 година ќе се врши on-line во периодот од 01.03 до 05.03.2021 година.

Согласно глобалниот календар на активности, полагањето на испитите ќе се спроведе во периодот од 15.03 до 26.03.2021 година, со примена на досегашниот комбиниран метод – on-line и со физичко присуство.

За информации во врска со конкретните термини (датум и час на полагање), како и за тоа кои испити ќе се спроведуваат on-line, а кои со физичко присуство на студентите, редовно следете ги известувањата – распоредите за полагање на официјалната веб-страна www.eu.edu.mk и социјалните мрежи.

За сите прашања, Студентската служба е достапна секој работен ден од 08:00 до 18:00 часот, на e-mail: [email protected] и на телефонските броеви 02 320 2100, 02 320 2101 и 078 482 050.

ПОСТАПКА ЗА ONLINE ПРИЈАВУВАЊЕ ИСПИТИ ЗА МАРТОВСКА СЕСИЈА 2020/2021

Пополнете го еФормуларот (пријава за испит) и доставете го електронски по e-mail заедно со доказ за уплатен надоместок до референтите од Студентска служба, и тоа:

1.Факултет за стоматологија

2.Факултет за стоматологија – Забни техничари

3.Факултет за економски науки

[email protected]

4.Факултет за детективи и криминалистика, и

5.Факултет за правни науки

[email protected]

6.Факултет за информатика, и

7.Факултет за арт и дизајн

[email protected]

Формуларот [e-Пријава] во pdf формат, прилагоден за електронско пополнување е достапен за преземање на следниот линк:

е-ФОРМУЛАР ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ ИСПИТ

Надоместокот за пријавување е 620 денари за испит. Жиро с-ка 300000002540078 Комерцијална банка АД Скопје.

Уплатница [пример]

 

 

март 1, 2021

ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА СТУДЕНТИ – ON-LINE ПРИЈАВУВАЊЕ НА ИСПИТИ – ЛЕТЕН СЕМЕСТАР 2020/21

Почитувани студенти, Пријавувањето на испитите од мартовска испитна сесија во академската 2020/21 година ќе се врши on-line во периодот од 01.03 до 05.03.2021 година. Согласно глобалниот календар […]
март 1, 2021

УПИСИ 2021/22 – ПРОМОТИВНИ ЦЕНИ НА ШКОЛАРИНА ВО МАРТ

Почитувани идни студенти, Денес – 01.03.2021 (понеделник), официјално започнуваат уписите на I и II циклус студии во академската 2021/2022 година, на факултетите во состав на Европски […]
февруари 10, 2021

ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА СТУДЕНТИ – ПОЧЕТОК НА ЛЕТЕН СЕМЕСТАР 2020/2021

Почитувани студенти, Ве известуваме дека на 15.02.2021 започнува летниот семестар од академската 2020/2021 и продолжува наставата во комбинирана форма – online и/или со физичко присуство согласно […]
јануари 29, 2021

ТРАНСФЕР ВО АКАДЕМСКАТА 2020/21 ГОДИНА

Почитувани студенти, Доколку сте заинтересирани за трансфер од друга високообразовна установа – искористете ја можноста да се запишете до второто затворање на матичната книга (најдоцна до […]