Студиски програми од прв циклус на студии на Факултет за правни науки
На Факултетот за правни науки се одвива настава по акредитирани студиски програми од прв и втор циклус студии, усогласени со Законот за високо образование.
Прв циклус студии на Факултетот за правни науки
Одборот за акредитација и евалуација со Решението бр. 15-24/3 од 04.04.2014 ја акредитира студиската програма за додипломски правни студии на прв циклус тригодишни студии на Факултетот за правни науки. Студиската програма трае 3 години (шест семестри), а по завршените студии студентот се стекнува со 180 ЕКТС и звање: Правник.