Вовед и мисија
Преку примена на највисоките стандарди, факултетот обезбедува запознавање со суштинскиот концепт на правото.
Мисијата на Факултетот за правни науки, како дел од системот на институции кои не само што подготвуваат кадри, туку и битно влијаат на професионалноста и администрацијата, а посебно на правосудниот систем. Факултетот обезбедува висок квалитет во образованието од областа на правото, еднакво на најдобрите образовни институции во Европа и во светот. Преку примена на највисоките стандарди, факултетот обезбедува запознавање со суштинскиот концепт на правото, негово усвојување од страна на студентите, овозможува развивање на законодавството, структурата на апаратот на јавната креативност и ги подготвува студентите за практична примена на прописите. Од почетокот на постоењето на правните студии на Европскиот универзитет многу внимание им посветувавме на резултатите од вкупниот наставно¬образовен процес. Акцентот во овој процес е ставен на знаењата што нашите студенти дипломирани правници, магистри по правни науки и магистри по право ги стекнуваат во текот на студиите и со кои ќе се појават на пазарот на трудот. Исто така, особено внимание посветуваме на нивната способност веднаш да започнат со работа како адвокати, нотари, медијатори, обвинители, извршители, судии и сл.
Согласно акредитациите на Факултетот за правни науки од 2014 година се организираа следните видови на студии. Со тригодишните студии односно 180 ЕКТС и назив “правник” лицата се оквалификувани за рутински и административни работи и задачи, на ниво на референт или пониско рангирани работни места, и како статус во организациска смисла и како примања (плати, придонеси, привилегии). Со вакивте студии ограничени се можностите за напредување во кариерата, не се исполнуваат условите за полагање на правосуден испит и не ќе можат да работат како нотари, адвокати, судии, обвинители и сл. Четиригодишни студии – студиските програми за стручни правни студии од втор циклус, дипломски правни студии содржат најмалку 60 кредити во траење од една година (два семестри), односно вкупно четири студиски години или осум семестри. Називот кој се стекнува по завршувањето на овој вид на студии е “дипломиран правник”. Петгодишни студии на Факултетот за правни науки се организираат како студии од втор циклус, кои содржат 120 кредити, последипломски стручни студии кои траат две години (четири семестри). Со нивното завршување со вкупно 300 кредити и одбрана на стручен магистерски труд студентот се стекнува со назив “магистер по право”.
Согласно акредитацијата од 2022 година на Факултетот за правни науки се организира студиска програма од втор циклус на академски студии – постдипломски студии (60 ЕКТС) по “Казнено право”. Студиите што се организираат на Факултетот за правни науки, согласно оваа студиска програма, се студии од втор циклус, академски студии, како едногодишни студии. Студиската програма по казнено право за втор циклус на студии е концепирана на тој начин да ги задоволи сите стандарди за академски студии во потесната област. Основна цел на студиската програма е профилирање на кадри во потесната област на казнено право, кои ќе можат активно да се вклучат на пазарот на труд. Конкретно преку студиската програма се врши оспособување на студентите ведаш да се вклучат во работниот процес во најширокиот дел на провосудството, и тоа, адвокатурата, обвинителството, судство, полиција, приватен сектор, невладин сектор, јавен сектор и останати институции. Студентот кој ќе ги заврши студиите на овој циклус студии, студиска програма за II (втор) цуклус на едногодишни студии – студиска програма по Казнено право на Факултетот за правни науки ќе се стекне со стручен назив Магистер на правни науки, насока казнено право (Master in Law, module: Criminal Law).
Студиска програма II циклус академски студии 60ЕКТС: Студиска програма по Казнено право, 2 циклус, 2022
Решение за (ре)акредитација: Акредитација ОАЕ (Казнено право – втор циклус)
Решение за почеток со работа: Почеток со работа МОН (Казнено право – втор циклус)