
Вовед и мисија
Факултетот за информатика како дел од Европскиот Универзитет за прв пат беше акредитиран во јуни 2005 година.
Факултетот едуцира кадри од областа на информатичките технологии на ниво на I циклус на студии, во областа Софтверско инженерство, при што се опфатени повеќе дисциплини: програмирање, бази на податоци, веб-дизајн и мултимедија, компјутерски мрежи и комуникации.
Мисијата на Факултетот е создавање стручни лица кои ќе можат да одговорат на потребите на општеството во оваа област, како и индивидуи способни да го следат натамошниот динамичен развој на се побараната информатичка технологија. Тоа го постигнуваме со модерни наставни програми - сообразени со највисоките европски стандарди, со најсовремени лабораториии, училници и амфитеатри, вклучувајќи системи за далечинско учење и други наставни помагала, кои овозможуваат одржување на квалитетна теориска и практична настава. Исто така - квалитетните наставници и асистенти водат секојдневна грижа за студентите и нивниот успех во студирањето. Квалитетот на студирањето е стимулиран со одржување на натпревари и семинари во областите на програмирање и апликативен софтвер, како и публикување на добрите семинарски трудови или делови од дипломски работи - во Зборник на трудови. Во соработката на Факултетот со индустријата (ИТ и телеком компании) - се спроведува активна студентска практика, пришто студентите добиваат можност за вработување веднаш по завршувањето на студиите. Факултетот за информатика организира специјализирани работилници за актуелни теми од областа на информатиката, на кои, покрај наставниот кадар од факултетот и гости од други научни институции и стопанството, учествуваат и нашите студенти. Кадарот од нашиот Факултет има учествувано и активно учествува во повеќе Tempus, COST и Erasmus+ проекти.
Факултетот има значајна улога во ширењето на општата информатичка култура во општеството, особено во делот на примена на современите дигитализирани образовни технологии.
Активностите на Факултетот за информатика се спроведуваат во согласност со Законот за високо образование. Факултетот обезбедува:
- Високо образование, научни и истражувачки активности.
- Имплементација на современите Европски и интернационални образовни трендови.
- Соработка со високо-образовни институции и ИТ компании од земјата и странство.
Студиски програми од прв циклус
На Факултетот за информатика се реализираат студиски програми од прв циклус.
По завршувањето на четиригодишните студии (прв циклус на студии) и одбраната на дипломската работа, студентот се стекнува со звање Дипломиран инженер по информатика, во областа на Софтверско инженерство. Со дипломирањето студентот се стекнува со 240 ЕКТС.
Студиска програма I циклус академски студии 240ЕКТС: Програма Софтверско инженерство
Решение за (ре)акредитација: (ре)Акредитација ОАЕ (Софтверско инженерство)
Решение за почеток со работа: Почеток со работа МОН (Софтверско инженерство)