Факултет за економски науки – мисија

Вовед и мисија

Факултетот за економски науки како дел од Европскиот Универзитет за прв пат беше акредитиран во 2001 година.

Мисијата на Факултетот за економски науки е да обезбеди високо квалитетно образование кое ќе ги подготви студентите за успешна професионална кариера во областите на менаџментот, финансиите, маркетингот и економијата воопшто.

Главната цел на Факултетот за економски науки е да обезбеди висок квалитет на образование кое ќе може да се поистовети со образованието кое го нудат најдобрите високообразовни институции во Европа, па и во светот. На студентите им е овозможена силна академска основа со пристап до различни знаења (од областа на финансиското работење, бизнис менаџментот и маркетинг техники) и тие се подготвуваат да бидат продуктивни, компетентни професионалци и одговорни граѓани во разновидната и динамична глобална средина.

Поконкретни активности кои ги спроведува Факултетот, а кои произлегуваат од зацртната мисија и цел, а се во согласност со Законот за високо образование се:

  • Континуирано обезбедување на високо ниво на знаење како врвен приоритет на факултетот.
  • Унапредување на образовниот процес и образовните активности.
  • Изведување на научни и истражувачки активности.
  • Имплементација на современите европски и интернационални образовни трендови.
  • Пренесување на научни и стручни, знаења и вештини.
  • Соработка со високообразовни институции и научни установи во земјата и во странство.
  • Квалитетна евалуација според европските и интернационални стандарди.

Студиски програми од прв и втор циклус

На Факултетот за економски науки се реализираат студиски програми од прв и втор циклус.

На првиот циклус студии (четиригодишни студии) се изучуваат студиските програми Бизнис менаџмент и Финансиско-банкарски и сметководствен менаџмент. По нивното завршување, студентот се стекнува со звање Дипломиран економист во областа на бизнис менаџмент и Дипломиран економист во областа на финансиско-банкарски и сметководствен менаџмент, соодветно. Со дипломирањето студентот се стекнува со 240 ЕКТС. На вториот циклус студии се реализираат едногодишни студии во областите - Бизнис менаџмент, Финансии, Маркетинг и Здравствен и фармацевтски менаџмент. По нивно завршување, студентот се стекнува со звање Магистер на економски науки од областа бизнис менаџмент, Магистер на економски науки од областа финансии, Магистер на економски науки од областа маркетинг и Магистер на економски науки од областа здравствен и фармацевтски менаџмент, соодветно. Со завршување на вториот циклус студии студентот се стекнува со 60 ЕКТС.

Студиска програма I циклус академски студии 240ЕКТС (2018/2019): Студиска програма по Бизнис менаџмент/Финансии/Маркетинг

Решение за (ре)акредитација:  Акредитација ОАЕ (Бизнис менаџмент – прв циклус)

Решение за почеток со работа: Почеток со работа МОН (Бизнис менаџмент – прв циклус)

Решение за (ре)акредитација:Акредитација ОАЕ (Финансии – прв циклус)

Решение за почеток со работа:Почеток со работа МОН (Финансии – прв циклус)

Решение за (ре)акредитација:Акредитација ОАЕ Маркетинг – прв циклус)

Решение за почеток со работа:Почеток со работа МОН (Маркетинг – прв циклус)

 

Студиска програма II циклус академски студии 60ЕКТС(2018/2019): Финансии/Бизнис менаџмент/Маркетинг/Здравствен и фармацевтски менаџмент

Решение за (ре)акредитација: Акредитација ОАЕ (Финансии – втор циклус)

Решение за почеток со работа: Почеток со работа МОН (Финансии – втор циклус)

Решение за (ре)акредитација: Акредитација ОАЕ (Бизнис менаџмент – втор циклус)

Решение за почеток со работа: Почеток со работа МОН (Бизнис менаџмент – втор циклус)

Решение за (ре)акредитација: Акредитација ОАЕ (Маркетинг – втор циклус)

Решение за почеток со работа: Почеток со работа МОН (Маркетинг – втор циклус)

Решение за (ре)акредитација: Акредитација ОАЕ (Здравствен и фармацевтски менаџмент – втор циклус)

Решение за почеток со работа:  Почеток со работа МОН (Здравствен и фармацевтски менаџмент – втор циклус)

 

Студиска програма I циклус академски студии 240ЕКТС (2023/2024): Студиска програма по Бизнис менаџмент/Финансиско-банкарски и сметководствен менаџмент

Решение за (ре)акредитација: Акредитација ОАЕ (Бизнис менаџмент – прв циклус)

Решение за почеток со работа: /

Решение за (ре)акредитација: Акредитација ОАЕ (Финансиско-банкарски и сметководствен менаџмент – прв циклус)

Решение за почеток со работа: Почеток со работа МОН (Финансиско-банкарски и сметководствен менаџмент – прв циклус)

 

Студиска програма II циклус академски студии 60ЕКТС (2023/2024): Студиска програма по Бизнис менаџмент/Финансии/Маркетинг/Здравствен и фармацевтски менаџмент

 

Решение за (ре)акредитација: Акредитација ОАЕ (Бизнис менаџмент – втор циклус)

Решение за почеток со работа: Почеток со работа МОН (Бизнис менаџмент – втор циклус)

Решение за (ре)акредитација: Акредитација ОАЕ (Финансии – втор циклус)

Решение за почеток со работа: Почеток со работа МОН (Финансии – втор циклус)

Решение за (ре)акредитација: Акредитација ОАЕ (Маркетинг – втор циклус)

Решение за почеток со работа: Почеток со работа МОН (Маркетинг – втор циклус)

Решение за (ре)акредитација: Акредитација ОАЕ (Здравствен и фармацевтски менаџмент – втор циклус)

Решение за почеток со работа: Почеток со работа МОН (Здравствен и фармацевтски менаџмент – втор циклус)