Предмет: Прибирање на податоците со образецот ВОИ-20
Почитувани,
Сакаме да ве информираме дека Државниот завод за статистика (ДЗС), во соработка со Министерството за дигитална трансформација (МДТ), на Националниот портал за е-услуги го постави електронскиот Образец ВОИ-20.
До услугата за електронско пополнување на образецот може да се пристапи директно преку:
или со скенирање на QR-кодот објавен во известувањето.
Секој студент потребно е да има активен кориснички профил на ниско ниво за да може да го пополни електронскиот образец.
По успешно пополнување и доставување на Образецот ВОИ-20, системот генерира два официјално потврдени документи со електронски печат на Државниот завод за статистика (ДЗС):
- Генериран образец ВОИ-20;
- Потврда за успешно доставен образец.
Студентите се должни еден од овие документи да го достават до Универзитетот при уписот во академската 2026/2027 година.
Ве молиме навремено да го пополните електронскиот Образец ВОИ-20 и да ја зачувате добиената документација за доставување при уписот.