

На Европски универзитет – Скопје денес свечено беа доделени дипломите на дипломираните и магистрираните студенти, а воедно беше одржан и првиот академски час за бруцошите.
Од Универзитетот им беше посакан успех на дипломираните и магистрираните студенти, како и добредојде на новите студенти, на кои им беа доделени индексите по факултети.
На свечениот чин им беше доделено признание – диплома на студентите кои изминатите 4–5 години беа дел од најстариот приватен универзитет во земјава, како признание за нивниот труд и успешно завршеното образование.
Воедно, на новите студенти им беше посакан успех во студирањето и успешен почеток на нивното академско патување.
ЕВРОПСКИ УНИВЕРЗИТЕТ
ЗАЕДНО СОЗДАВАМЕ УСПЕХ И ИДНИНА!
