Почитувани, беа доделени три стипендии ”Проф. Д-р. Бојо Андрески” на следните здравствени работници: 1. д-р Татјана Стојаноска (целосна стипендија) 2. д-р Елена Стојкоска (делумна стипендија, 70% намалување на годишната школарина) 3. д-р Никола Кузмановски (делумна стипендија, 50% намалување на годишната школарина) Покрај тоа, во знак на благодарност за борбата во справување со пандемијата на COVID-19 , УО на Европски универзитет одлучи да им додели целосни стипенции за II ЦИКЛУС-„ЗДРАВСТВЕН И ФАРМАЦЕВТСКИ МЕНАЏМЕНТ“ и на првите луѓе од двата најголеми Ковид центри во државава кои постојано беа на првата борбена линија , доктор Милена Стефановиќ – директорка на Инфективната Клиника од Скопје и доктор Кристијан Костов – директор на Градската општа Болница “8-ми Септември” од Скопје. Сите останати кои аплициира имаат можност за дополнителни поволности. Од страна на нашите служби сите ќе бидат контактирани и запознаени со поволностите кои што ги одобри Управниот одбор на Европски Универзитет.