Јавен повик

ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА ПОЛАГАЊЕ СО ФИЗИЧКО ПРИСУСТВО
мај 27, 2020
ПЗУ – УНИВЕРЗИТЕТСКИ СТОМАТОЛОШКИ КЛИНИЧКИ ЦЕНТАР
јуни 4, 2020
Прикажи ги сите

Јавен повик

Управниот одбор на ЕВРОПСКИ УНИВЕРЗИТЕТ Скопје ги повикува сите заинтересирани лица со завршен II циклус студии (300ЕКТС) и просек од min. 8,00 на студиите од прв и втор циклус посебно, кои што имаат интерес за ангажман и работа во академска средина како соработници во следните области: економија, право, безбедност, арт и дизајн, информатика и стоматологија; да ја достават својата лична и професионална биографија до Универзитетот.

 

Целта на овој повик е создавање на регистар/база на лица со завршен II циклус студии, на кои Европски Универзитет ќе може да смета во текот на академската 2020/21 година и кои ќе може да ги ангажира повремено, привремено или постојано, на пократок или подолг рок.

 

Сите заинтересирани лица можат електронски да достават CV и кратко мотивационо писмо на следната e-mail адреса: [email protected]