СВЕДОШТВА – Ива Масларевска

ПЗУ – УНИВЕРЗИТЕТСКИ СТОМАТОЛОШКИ КЛИНИЧКИ ЦЕНТАР
јуни 4, 2020
СВЕДОШТВА – Стефан Мицов
јуни 11, 2020
Прикажи ги сите

СВЕДОШТВА – Ива Масларевска

На Европскиот универзитет релацијата професор-асистент-студент е на највисоко ниво

Ива Масларевска вели дека Факултетот за стоматологија при Европскиот универзитет ги надминал нејзините очекувања во смисла на висока техничка опременост и стручен наставен кадар кој секогаш им е на располагање на студентите. Вели дека стоматологијата е хумана работа која ја работи со голема љубов и посветеност, а желбата за професијата дошла како резултат на потребата од здрави заби и убави насмевки

Што беше пресудно да одлучиш твоето образование да го продолжиш на Факултетот за стоматологија при Европскиот универзитет, Скопје?

Мојот мотив да студирам стоматологија произлегуваше од секоја насмевка преку која може да се видат не само здравите заби, туку здравјето на устата и целокупното здравје на луѓето. Стоматологијата ја избрав бидејќи се работи за професија која е хумана и која јас ја работам со голема љубов и посветеност. Факултетот за стоматологија при Европски универзитет го избрав поради начинот на кој се работи со студентите кој во текот на моите студии ги надмина сите мои очекувања како во поглед на професионалната опрема, така и во поглед на наставниот кадар кој стручно нè оспособи и беше секогаш на располагање за сите наши прашања.

Во рамките на Европскиот факултет е и Универзитетскиот стоматолошки клинички центар “Проф. д-р Бојо Андрески„. Колку тоа што имате можност за практична настава и да учите од искусни стоматолози ви помага да се стекнете со потребното знаење?

Бегајќи од стереотипните студии во кои и покрај врвниот професорски кадар интеракцијата помеѓу студентот и професорот е на многу ниско ниво, најчесто поради нивната презафатеност, се определив за студии каде студентите се активни во текот на целата година. Со бодувања преку кое е опфатена целокупната активност на студентот, од редовност, преку изготвени презентации до семинарски трудови и вежби етапно се совладува целиот материјал во текот на годината.

На Факултетот за стоматологија има лаборатории кој се технички опремени. Колку тоа ви помага во извршувањето на практичната настава и во студирањето?

На Факултетот за стоматологија при Европскиот универзитет има седум клиники со вкупно 36 стоматолошки столови, па така студентите можат да работат во групи од 5-10 студенти и да ги изведуваат вежбите и да присуствуваат на претклиничка настава во лабораториите пред да почнат да работат со пациенти. Опремата во нив е врвна и софистицирана и ги задоволува сите европски стандарди. Во вака мали групи се следи работата на секој студент и преку презентации се демонстрираат како тематските единици така и практичните делови од вежбите.

На Факултетот предаваат многу стручни професори, а често има предавања и од истакнати надворешни соработници. Која е предноста да се учи од најдобрите?

На овој Факултет сè се постигнува со упорност, редовност, надградување, а секако голем удел во сето тоа има соработката со професорите. Во текот на студирањето сфатив дека тимската работа, а уште повеќе релацијата професор-асистент-студент, која е поставена на највисоко ниво дава извонредни резултати и мотивирачка сила за движење кон целта. За секое нејасно прашање во секое време студентот може да го контактира професорот и да добие одговор, што е посебно важно за нас студентите. Под нивна контрола ги направивме и првите интервенции кај пациент. Тие нè научија дека целта и идејата се бранат единствено со трпеливост и знаење. Со наставата на турски и англиски јазик се стекнавме со најголемиот дар, пријателството кое ќе го цениме за целиот наш живот.