Универзитетскиот стоматолошки клинички центар „ПРОФ.Д-Р БОЈО АНДРЕСКИ” Скопје е приватна здравствена установа која што врши стоматолошка дејност од сите специјалности, рентген дијагностика, забна техника и образовна/научно-истражувачка дејност за потребите на Факултетот за стоматологија во состав на Европски Универзитет Скопје.
Д Е Ј Н О С Т
Како прва приватна здравствена установа од овој тип, клиничкиот центар ги обезбедува на едно место сите дентални услуги по пристапни цени и со врвна услуга од истакнати професионалци во струката. Стоматолошкиот кадар го сочинуваат 13 искусни специјалисти од областите: Протетика, Ортодонција, Орална и максилофацијална хирургија, Болести на уста и заби, Детска и превентивна стоматологија, како и 3 доктори по општа стоматологија кои имаат склучено договор со ФЗОМ (матични стоматолози). Во функција на нивна поддршка се стоматолошките сестри, забните техничари и рентген техничарите. Воедно, стоматолозите-специјалисти вршат и наставно-научна дејност како наставници и асистенти на Факултетот за стоматологија и ги обучуваат идните доктори по стоматологија. Доделената Благодарница од Стоматолошката Комора на Македонија за развој на стоматолошката наука e големо признание за нивната успешна работа и исклучителните резултати.
И Н Ф Р А С Т Р У К Т У Р А
Претклинички дел | 337 m2 | Клинички дел | 863 m2 |
Заботехничка лабораторија 1
Заботехничка лабораторија 2 |
7 простории наменети за секоја стоматолошка специјалност, со 32 стоматолошки столови
(Протетика, Ортодонција, Орална хирургија и имплантологија, Болести на заби и ендодонт, Детска и превентивна стоматологија x2, Болести на уста и пародонт) |
||
Вежбална 1 | Рентген кабинет | ||
Вежбална 2 | Тријажа | ||
Лабораторија 1 (биохемија) | Просторија за стерилизација | ||
Лабораторија 2 (микробиологија) | ВИП простории | ||
Дополнителни простории | Рецепција | ||
Чекални | |||
Просторија за персонал | |||
Тоалети |
Г А Л Е Р И Ј А
Л О К А Ц И Ј А
Клиничкиот центар е лоциран во зградата на Европски Универзитет на ул.„Мито Хаџивасилев Јасмин“ бб во центарот на Скопје (посебен влез од северната страна). За вршење на дејноста е обезбеден простор од 1.200 m2, лесно достапен, на едно ниво (приземје), со пристап за лица со инвалидитет и сопствен паркинг.
К О Н Т А К Т И Н Ф О Р М А Ц И И
За закажување преглед, интервенција, рентген снимање и други стоматолошки услуги, јавете се на телефонскиот број: 02 / 3 202 022
Можете да добиете и дополнителни информации за избор на матичен стоматолог и цената на услугите.
Контактирајте не електронски на e-mail адресата: [email protected].
Следете не на социјалните мрежи за новости, настани, промотивни акции и попусти.
Ве очекуваме!