СВЕДОШТВА – Стефан Мицов

СВЕДОШТВА – Ива Масларевска
јуни 11, 2020
СВЕДОШТВА – Катерина Трпковска
јуни 22, 2020
Прикажи ги сите

СВЕДОШТВА – Стефан Мицов

Професорите и асистентите од Европски универзитет се секогаш тука да ни помогнат и да ни го олеснат студирањето

Стефан Мицов е студент во трета година прв циклус на студии на Факултетот за правни науки, а Европскиот универзитет го избрал бидејќи бил сигурен дека тука ќе го стекне потребното знаење и професионалност. Вели дека соработката со професорите е на високо ниво и оти ваков начин на комуникација меѓу професорите и студентите не може да се воспостави на другите универзитети во државата. По завршување на првиот циклус на студии планира да се запише и на втор циклус студии и се надева дека еден ден ќе може успешно да го применува знаењето стекнато на Европскиот универзитет

Што беше пресудно да се запишеш на Факултетот за правни науки на Европски универзитет – Скопје?

На Факултетот за правни науки се запишав поради желбата да го изучувам правото, како и да бидам вклучен во спроведувањето и извршувањето на законите и правдата во нашата држава. Притоа, го избрав Европскиот универзитет бидејќи бев сигурен дека таа професионалност и квалитет на знаење ќе го стекнам токму тука.

Што опфаќа студиската програма на Факултетот за правни науки и дали си задоволен од истата?

Со оглед на фактот дека студиската програма која ја имаме на нашиот факултет е во согласност со европските стандарди, сум презадоволен од квалитетот на истата. Таа го опфаќа целокупниот развој на правото, од неговите почетоци до сега. Покрај дадените материјали кои ги изучуваме, благодарение на професионалноста и посветеноста на професорите добиваме и реални примери и ситуации преку кои утврдуваме и заклучуваме што е правилно, а што не за во иднина да можеме да функционираме законски, беспрекорно.

Можеш ли да издвоиш предмети кои ти се посебно омилени?

Генерално сите предмети ми се интересни бидејќи го сакам правото. Но, ако треба да издвојам некој тоа е предметот Казнено право за кој професорот Ѓорги Сламков со неговото искуство и желбата да го пренесе своето знаење на студентите, ми ја всади љубовта. Исто така, би го издвоил и предметот Трудово право, кој го предава деканот на Факултетот за правни науки, Марјан Габеров, кој исто така многу добро знае како да им го пренесе своето знаење и искуство на студентите.

На кој начин се реализира наставата на Факултетот за правни науки и каква е соработката со професорите и асистентите?

Наставата се одвива со физичко присуство, а заради моменталната ситуација со ковид-19, наставата ја одржуваме онлајн, што е олеснително и практично за сите студенти. Соработката со професорите е на високо ниво и ваков начин на комуникација меѓу професорите и студентите не може да се воспостави на другите универзитети во државата. Тоа што имаме слобода и можност да се консултираме со нив за многу прашања, како и да ја реализираме желбата за дополнително знаење е она што го прави Европски универзитет посебен. Асистентите се секогаш тука да ни помогнат и да ни го олеснат процесот на студирање преку вежби и кои исто така ни помагаат да учиме, да се усовршуваме и да станеме подобри личности.

Дали би им препорачал на идните студенти да го изберат Европски универзитет Скопје?

Квалитетниот кадар кој постои на нашиот универзитет, добрата организација, предвременото планирање на академскиот календар, љубезноста, учтивоста и професионалноста на вработените се едни од позитивните моменти со кои ќе се сретнат сите идни студенти кои ќе го изберат Европскиот универзитет. Меѓутоа, најважното од сѐ е дека ќе се стекнат со знаење и професионалност и затоа на сите студенти од срце им го препорачувам Европскиот универзитет.

Какви се твоите планови за во иднина?

После студиите од прв циклус, планирам да се запишам и на втор циклус студии преку кои ќе се стекнам со дополнително знаење од областа на правото. Се надевам дека еден ден ќе можам успешно да го применувам моето знаење стекнато на Европскиот универзитет.