УПИСИ 2023/24

ПОЧЕТОК СО НАСТАВА И ПРИЈАВА/ЗАВЕРКА НА ЗИМСКИ СЕМЕСТАР 2023/24
септември 29, 2023
ТРАНСФЕРИ 2023/24
септември 30, 2023
Прикажи ги сите

УПИСИ 2023/24

Почитувани идни студенти,

Уписите за академската 2023/2024 година се во тек.

УСЛОВИ ЗА УПИС НА I ЦИКЛУС СТУДИИ
На прв циклус академски студии во академската 2023/2024 година може да се запишат:
◦ Лица со завршено 4-годишно средно образование кои положиле државна матура или меѓународна матура
◦ Лица кои завршиле четиригодишно средно образование според прописите кои важеле пред воведувањето на државната матура и лица кои завршиле 4-год. средно
образование во учебната 2019/20 година (ослободени од обврската за полагање државна матура)
◦ Лица кои завршиле високо/вишо образование на сродни факултети/виши школи, кандидати кои паралелно студираат сродни факултети, студиски групи/насоки
◦ Лица кои имаат активен статус на студент со премин од друга високообразовна установа
◦ Лица кои завршиле средно образование во странство и лица странски државјани под исти услови
Кандидатите се запишуваат како редовни / вонредни студенти со самофинансирање на студиите освен на Факултетот за дентална медицина само редовни

ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ I ЦИКЛУС
✓ Диплома за заврш. 4-год. средно образование
(за образование во странство и Реш.за нострификација)
✓ Свидетелства за 4 год. од средното образование
✓ Диплома за положена државна/меѓ.матура (не е потребна за
лицата кои завршиле средно образование пред воведување
државна матура и кои завршиле во учебната 2019/20 год.)
✓ Уверение за државјанство
✓ Извод од матична книга на родени
✓ Лекарско уверение (само при упис на ФДК)
✓ Потврда за работен однос (само за вонредни)
✓ 4 фотографии (3.5 х 4.5)
✓ Доказ за познавање на англиски јазик ниво Б1 (CEFR)
(само за настава на англиски јазик)
За трансфер се доставува и Уверение за полож.испити + фотокопија
од Индекс со последен заверен семестар како активен студент

УСЛОВИ ЗА УПИС НА II ЦИКЛУС СТУДИИ
На втор циклус академски студии во академската 2023/2024 година може да се запишат:
◦ Лица кои завршиле соодветни студиски програми од прв циклус
◦ Лица кои паралелно студираат сродни факултети студиски групи или насоки
◦ Лица кои имаат активен статус на студент со премин од друга високообразовна установа
◦ Лица кои завршиле високо образование во странство и лица странски државјани под исти услови

ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ II ЦИКЛУС
✓ Диплома за заврш.високо образование од I циклус
✓ Уверение за завршен I циклус студии
✓ Уверение за државјанство ✓ Извод од матична книга на родени
✓ 2 фотографии
✓ Доказ за познавање на англиски јазик ниво Б1 (CEFR)
(само за настава на англиски јазик)

НАПОМЕНА: На студиските програма од II циклус академски-постдипломски студии со траење од една година (60ЕКТС кредити) може да се запише само лице кое завршило додипломски студии во траење од најмалку 4 години и стекнати најмалку 240ЕКТС кредити. Универзитетот и неговите единици утврдуват кои додипломски студии се соодветни за упис на одделни студиски програми на постдипломските студии како и условите за упис на кандидатите кои имаат завршено други студиски програми.

ПОСТАПКА ЗА УПИС ЈАЗИК НА НАСТАВАТА УПИСНИ РОКОВИ
Кандидатите ги доставуваат документите за упис во студентската служба на ЕУ Скопје секој работен ден од понеделник до петок од 08:00 до 16:00 часот во просториите на Европски Универзитет Скопје на бул.„Св.Климент Охридски“ бр.68 Скопје – седиште на високообразовната установа и место за реализација на студиските програми, како и на e-mail адресата [email protected] По секој завршен уписен рок, Конкурсна комисја врши рангирање и објавува прелиминарна листа на која може да се поднесе приговор до Ректорската управа. 24 ч. по објавувањето на прелиминарната ранг листа се одлучува по вложените приговори и се објавува конечна ранг листа. При запишувањето се склучува Преддоговор за студирање со истовремена уплата на депозит. Годишната школарина се исплаќа на рати.

ЈАЗИК НА НАСТАВАТА

Наставата по сите студиски програми се изведува на македонски и англиски јазик.
Настава на англиски јазик ќе се реализира доколку е формирана група од најмалку 15 студенти на секој факултет поединечно.

За дополнителни информации можете да се обратите до Студентската служба на Европски Универзитет, секој работен ден од 08:00 – 18:00 часот, на e-mail: [email protected] и на телефонските броеви 02 320 21 00, 02 320 2101 и 078 482 050.

Ве очекуваме!
ЕВРОПСКИ УНИВЕРЗИТЕТ
Едно семејство, една визија!