ON-LINE ПРИЈАВУВАЊЕ ВТОР КОЛОКВИУМ – ЛЕТЕН СЕМЕСТАР 2022/23

ФДК втора колоквиумска недела – академска 2022/2023 – термини за полагање
мај 8, 2023
АПСОЛВЕНТСКА ВЕЧЕР
мај 12, 2023
Прикажи ги сите

ON-LINE ПРИЈАВУВАЊЕ ВТОР КОЛОКВИУМ – ЛЕТЕН СЕМЕСТАР 2022/23

Почитувани студенти

Пријавувањето на вториот колоквиум во летниот семестар од академската 2022/23 година ќе се врши on-line во периодот од 08.05 до 12.05.2023 година.

Согласно глобалниот календар на активности, полагањето на вториот колоквиум ќе се спроведе во периодот од 29.05 до 02.06.2023 година.

За информации во врска со конкретните термини (датум и час на полагање),  редовно следете ги известувањата – распоредите за полагање на официјалната веб-страна www.eu.edu.mk и социјалните мрежи.

За сите прашања, Студентската служба е достапна секој работен ден од 08:00 до 18:00 часот, на e-mail: [email protected] и на телефонските броеви 02 320 2100, 02 320 2101.

ПОСТАПКА ЗА ONLINE ПРИЈАВУВАЊЕ ВТОР КОЛОКВИУМ ВО ЛЕТЕН СЕМЕСТАР (2022/2023)

За секој поединечен предмет пополнете e-Пријава за колоквиум и е-Пријава за завршен испит, а потоа доставете ги и двата пополнети формулари електронски по e-mail, заедно со доказ за уплатен надоместок до референтите од Студентска служба, и тоа:

Марија Цизалоска, [email protected]

1.Факултет за стоматологија

2.Факултет за стоматологија – Забни техничари

3.Факултет за економски науки

4.Факултет за детективи и криминалистика, и

Наталија Андреева Галевска, [email protected]

6.Факултет за информатика, и

7.Факултет за арт и дизајн

 

Формуларите [e-Пријава] во pdf формат, прилагодени за електронско пополнување, се достапни за преземање на следниот линк:

е-ФОРМУЛАР ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ КОЛОКВИУМ

е-ФОРМУЛАР ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ ЗАВРШЕН ИСПИТ

 

Надоместокот за пријавување е 460 денари. Жиро с-ка 300000002540078 Комерцијална банка АД Скопје.

Уплатница [пример]