АПСОЛВЕНТСКА ВЕЧЕР

ON-LINE ПРИЈАВУВАЊЕ ВТОР КОЛОКВИУМ – ЛЕТЕН СЕМЕСТАР 2022/23
мај 8, 2023
ФЕН втора колоквиумска недела – академска 2022/2023 – термини за полагање
мај 16, 2023
Прикажи ги сите

АПСОЛВЕНТСКА ВЕЧЕР

Почитувани и најдраги студенти.

Со особена радост  сакаме да  Ве  известиме дека  целокупниот процес на  Ваша  едукација  и образование на првиот циклус на  студии на Европскиот Универзитет  полека  го заокружуваме.

Вие сега  во моментов  сте  нашите апсолвенти и идни  дипломци и сте наша гордост, затоа што со заеднички напори, труд и енергија го постигнавме ова.

Во  таа  чест  Европскиот  Универзитет  организира  голема  забава  и  прослава  или уште  позната меѓу сите студенти како апсолвентска вечер .

Апсолвентската  вечер  ќе  се  одржи  на  23.05.2023 год (вторник) во  ресторан Парк  од  20.00 часот.

Таа вечер ќе не забавува “Либеро Бенд” за кои сме сигурни дека ќе ни понуди одлична забава и расположение. Повеќе информации и пријавување за апсолвентската вечер во студентска служба најдоцна до 22.05.2023 година .

Се надевам дека ќе бидете присутни и нема  да  пропуштите да поминете незаборавни мигови на дружење со вашите колеги студенти и дел од професорскиот кадар.

Цената изнесува 2200 ден.

Како општествено одговорна компанија ќе излеземе во пресрет и за студентите од ранливи категории на кои ќе им дозволиме бесплатно да бидат дел од апсолвентската забава.

Линк до ресторан Парк: https://www.park.mk/wedding-restaurant/wedding_gallery

Во продолжение можете да го видите понуденото мени:

Мени по средина на маса со поединечна вечера

МЕНИ

цезар салата (марула.пилешко филе.пармезан,кубети,дресинг)

витаминска салата ( рукола,цвекпо, морков,зепка,марула,семки)

макала ( хумус, пинџѕр, зазики )

ладен стартер (пршута,печеница,кулен,свински врат, пилешко голд филе, солени стапчиња со лен, шери домат )

млечен стартер ( пармезан, бела дона херба, чедар, мешан кашкавал, мешано сирење. шери домат )

брускети помодоро

топоп стартер поховано:кашкавап.зденки,крокети од компир, пирошки,тиквички,тартар сос

мешани лепчиња (интегрални,пченкарни)

главно јадење ( динстано печење во сос од шампињони, пилешко криспи со куркума сос, пармезан и рукола ), гарнир брокула,компир од фурна,морков,пченка,грашок

десерт ( ситни колачи )

 

Неограничен пијалок:

Вода (газирана и негазирана)

Сокови (к.кола, к.кола зеро, фанта, спрајт, тоник, битер лемон, џусеви)

Пиво (скопско, скопско смут, амстел)

Вино (тиквеш и стоби 1 л флаширано – македонско бело, црвено и розе)

Жестоко ( ракија, узо, коњак, водка, џин, мартини )

 

УПЛАТА

2200 денари

Уплати ќе се примаат до 22.05.2023.

Назив и седиште на примачот: Европски Универзитет

Жиро сметка: 300000002914983

Банка на примач: Комерцијална Банка АД- Скопје

Цел на дознака: Апсолвентска вечер, име и презиме

За дополнителни информации можете да се обратите до Студентската служба на Европски Универзитет, секој работен ден од 08:00 – 18:00 часот, на e-mail: [email protected] и на телефонските броеви 02 320 21 00, 02 320 2101 и 078 482 050.