Тринаесетта меѓународна научна конференција „НОВО ВРЕМЕ, НОВИ ВРЕДНОСТИ ВО НАУКАТА И ОПШТЕСТВОТО“

ФДК Мартовска испитна сесија – академска 2022/2023 – термини за полагање
март 13, 2023
ONLINE ПРИЈАВУВАЊЕ ПРВ КОЛОКВИУМ ВО ЛЕТЕН СЕМЕСТАР 2022/23
март 14, 2023
Прикажи ги сите

Тринаесетта меѓународна научна конференција „НОВО ВРЕМЕ, НОВИ ВРЕДНОСТИ ВО НАУКАТА И ОПШТЕСТВОТО“

Мисија

Мисијата на конференцијата под наслов „ НОВО ВРЕМЕ, НОВИ ВРЕДНОСТИ ВО НАУКАТА И ОПШТЕСТВОТО” се состои во стимулирање и презентирање на научни и општествени сознанија за можностите, белезите и состојбите во современиот начин на живеење. Оправданоста на ваквата тематска насоченост на конференцијата може да се согледа од промените на глобален план, кои креираа ново време и нови вредности во науката и општеството. Нештата повеќе не се такви, какви што некогаш беа, така што се наметнаа нови вредности и околности кои влијаат врз општествениот развој. Не може да постои напредок на научен и општествен план, доколку не се имплементираат поефикасни форми на промислување, дејствување и однесување. Светските случувања произлезени од пандемијата, енергетската криза, економската рецесија и воените судири длабоко влијаат врз чувството на сигурност, безбедност и перспективност на глобално ниво. Тоа услови нов пристап кон стопанските текови, кон безбедносните прашања и кон научните аспекти, како клучни приоритети во современиот начин на живеење. Новото време бара и нови вредности на промислување и дејствување. Поквалитетните услови за живот на светската популација е глобална цел, така што без создавање подлога за имплементирање нови вредности, невозможно е да се изгради здраво општество и напредно човештво. Во оваа комплексна ситуација, не треба да заостанат ниту науката, ниту уметноста, туку тие да бидат едни од водечките сили во потрагата по новите вредности, по ефективен развој и по ефикасни форми на хармонична егзистенција.

Цели

Целта е да се подготват, презентираат, образложат и соочуваат научни, стручни и уметнички трудови кои ги констатираат и респектираат и ограничувањата и стимулирањето во откривањето, анализирањето и воопштувањето на идеи, теми, прашања, проблеми и проекции во научната и уметничката сфера. Размената на искуства, на информации за настанувањето на поединечните инспирации и начините на создавање на трудовите се, исто така, важна цел на конференциското соочување, дебатирање и сублимирање.

Подтеми на конференцијата
1. Новите вредносни парадигми во науката и општеството
2. Науката и општеството во ерата на дигитализација
3. Дигитална ера – предизвици и ризици
4. Националната безбедност во контекст на современите безбедносни ризици и
закани
5. Унапредување на различните концепти на безбедноста и заштитата
6. Криминалитетот и неговото негативно влијание врз заедницата
7. Правни предизвици во процесот на ЕУ интеграција
8. Владеење на правото, човекови права и дигитализација
9. Предизвици во борбата против организираниот криминал и корупцијата
10. Биомедицински истражувања и практики во модерната медицина
11. Стоматологијата како наука и уметност, поттик во модерните општества
12. Спојување на естетика и орално здравје-предизвик во секојдневната пракса
13. Виртуелни подвизи во стоматологијата
14. Уметноста како поле за нови вредности во комплексното современо општество
15. Дизајнот помеѓу хуманистичките пристапи и заводливоста на новите
брзорастечки технологии
16. Улогата на дизајнот во процесите за создавање на подобро општество
17. Науката за податоци и нејзините примени
18. Моделирање и управување со бизнис процеси
19. Анализа и дизајн на информациски системи

Линк до повикот:

Call for the 13th International Scientific Conference

Повик за 13-та меѓународна научна конференцијa