ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА СТУДЕНТИ – ON-LINE ПРИЈАВУВАЊЕ ИСПИТИ – ЈУНСКА СЕСИЈА 2021/22

ФДК Јунска сесија, летен семестар 2021/22 – термини за полагање
мај 31, 2022
УПИСИ 2022/23 – ПОВОЛНОСТИ ВО М.ЈУЛИ
јуни 1, 2022
Прикажи ги сите

ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА СТУДЕНТИ – ON-LINE ПРИЈАВУВАЊЕ ИСПИТИ – ЈУНСКА СЕСИЈА 2021/22

Почитувани студенти,

Пријавувањето на испитите во јунскиот испитен рок од академската 2021/22 година ќе се врши on-line во периодот од 01.06 до 07.06.2022 година.

Согласно глобалниот календар на активности, полагањето на испитите ќе се спроведе во периодот од 13.06 до 24.06.2022 година.

За информации во врска со конкретните термини (датум и час на полагање), редовно следете ги известувањата – распоредите за полагање на официјалната веб-страна www.eu.edu.mk и социјалните мрежи.

За сите прашања, Студентската служба е достапна секој работен ден од 08:00 до 18:00 часот, на e-mail: [email protected] и на телефонските броеви 02 320 2100, 02 320 2101, 078 482 050.

ПОСТАПКА ЗА ONLINE ПРИЈАВУВАЊЕ ИСПИТИ ВО ЈУНСКА СЕСИЈА 2021/2022

Формуларот [e-Пријава] во pdf формат, прилагодена за електронско пополнување е достапен за преземање на следниот линк:

е-ПРИЈАВА ЗА ИСПИТ [формулар]

Пополнете е-Формулар и доставете го електронски по e-mail заедно со доказ за уплатен надоместок до референтите од Студентска служба, и тоа:

1.Факултет за стоматологија

2.Факултет за стоматологија – Забни техничари

3.Факултет за економски науки

[email protected]

4.Факултет за детективи и криминалистика, и

5.Факултет за правни науки

[email protected]

6.Факултет за информатика, и

7.Факултет за арт и дизајн

[email protected]

Надоместокот за пријавување на испит е 620 денари. Жиро с-ка 300000002540078 Комерцијална банка АД Скопје.