Почитувани студенти,
Пријавувањето на вториот колоквиум во летниот семестар од академската 2021/22 година ќе се врши on-line во периодот од 09.05 до 13.05.2022 година.
Согласно глобалниот календар на активности, полагањето на првиот колоквиум ќе се спроведе во периодот од 23.05 до 27.05.2022 година.
За информации во врска со конкретните термини (датум и час на полагање), редовно следете ги известувањата – распоредите за полагање на официјалната веб-страна www.eu.edu.mk и социјалните мрежи.
За сите прашања, Студентската служба е достапна секој работен ден од 08:00 до 18:00 часот, на e-mail: [email protected] и на телефонските броеви 02 320 2100, 02 320 2101, 078 482 050.
ПОСТАПКА ЗА ONLINE ПРИЈАВУВАЊЕ ВТОР КОЛОКВИУМ ВО ЛЕТНИОТ СЕМЕСТАР (2021/2022)
За секој поединечен предмет електронски пополнете e-Пријава за колоквиум и е-Пријава за завршен испит, а потоа доставете ги пополнетите формулари по e-mail, заедно со доказ за уплатен надоместок до референтите од Студентска служба, и тоа:
1.Факултет за стоматологија
2.Факултет за стоматологија – Забни техничари
3.Факултет за економски науки
4.Факултет за детективи и криминалистика, и
5.Факултет за правни науки
6.Факултет за информатика, и
7.Факултет за арт и дизајн
Формуларите [e-Пријава] во pdf формат, прилагодени за електронско пополнување се достапни за преземање на следниот линк:
е-ФОРМУЛАР ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ КОЛОКВИУМ
Надоместокот за пријавување е 460 денари за колоквиум. Жиро с-ка 300000002540078 Комерцијална банка АД Скопје.
Уплатница [пример]