УПИСИ 2022/23 – ПРОМОТИВНИ ЦЕНИ НА ШКОЛАРИНА ВО МАРТ

Online пријавување испити (мартовска испитна сесија 2021/2022)
март 1, 2022
ФДК мартовска испитна сесија 2021/22 – термини за полагање
март 2, 2022
Прикажи ги сите

УПИСИ 2022/23 – ПРОМОТИВНИ ЦЕНИ НА ШКОЛАРИНА ВО МАРТ

Почитувани идни студенти,

Денес – 01.03.2022 (вторник), официјално започнуваат уписите на I и II циклус студии во академската 2022/2023 година, на факултетите во состав на Европски Универзитет Скопје.

Оваа година, редовните цени на годишната школарина се повторно намалени и дополнително ви се овозможени поволности при упис за поднесување рана апликација во месец март.

Годишната школарина за првата година студии во академската 2022/2023 година за сите кандидати кои ќе поднесат апликација за упис на I и II циклус во месец март изнесува 950, и тоа за: Факултетот за детективи и криминалистика, Факултетот за арт и дизајн, Факултетот за економски науки, Факултетот за информатика и стручните студии за забни техничари. За академските студии на Факултетот за дентална медицина школарината изнесува 1.950€.

За да ги искористат поволностите, апликација за упис на прв циклус можат да поднесат и кандидатите кои сеуште немаат завршено средно образование, но ќе завршат/ матурираат оваа година. Во тој случај поднесената апликација нема да се смета како пријава за упис, туку како резервација на уписно место, а уписот ќе биде извршен откако кандидатите ќе ги исполнат условите пропишани со Конкурсот и ќе ги достават сите потребни документи, но не подоцна од 30.09.2022.

Промотивните цени на школарина за месец март важат само со уплата на целиот износ во рок од 10 /десет/ дена од поднесувањето на апликацијата.

КОНКУРСИ ЗА УПИС НА I И II ЦИКЛУС СТУДИИ

Конкурс за упис I циклус 2022/2023

Конкурс за упис II циклус 2022/2023 

Апликациите за упис можете да ги преземете од следните линкови:

АПЛИКАЦИЈА ЗА УПИС 2022/2023 – I ЦИКЛУС

АПЛИКАЦИЈА ЗА УПИС 2022/2023 – II ЦИКЛУС

Пополнете ја Апликацијата електронски, кликнете Save, и електронски доставете ја заедно со скенираните документи со кои располагате, а се пропишани со Конкурсот, на следната e-mail адреса: [email protected]

*документите што ќе ги поднесете електронски, комплетно ги доставувате до Студентската служба заедно со сите останати пропишани документи согласно Конкурсот, во оригинал, најдоцна до 30.09.2022

Уплатница за школарина – Факултет за детективи и криминалистика, Факултет за арт и дизајн, Факултет за економски науки, Факултет за информатика, стручни студии Забни техничари на Факултетот за дентална медицина

Уплатница за школарина – Факултет за дентална медицина (академски студии) 

За дополнителни информации можете да се обратите до Студентската служба на Европски Универзитет, секој работен ден од 08:00 – 18:00 часот, на e-mail: [email protected] и на телефонските броеви 02 320 21 00, 02 320 2101 и 078 482 050.

Ве очекуваме. Студирајте Европски!