Online пријавување испити (мартовска испитна сесија 2021/2022)

Одобрени пријави за магистерски труд – зимски семестар 2021/22
февруари 18, 2022
УПИСИ 2022/23 – ПРОМОТИВНИ ЦЕНИ НА ШКОЛАРИНА ВО МАРТ
март 1, 2022
Прикажи ги сите

Online пријавување испити (мартовска испитна сесија 2021/2022)

Почитувани студенти,

Пријавувањето на испитите од мартовската испитна сесија во академската 2021/22 година ќе се врши on-line во периодот од 01.03 до 07.03.2022 година.

Согласно глобалниот календар на активности, полагањето на испитите ќе се спроведе во периодот од 14.03 до 25.03.2022 година.

За информации во врска со конкретните термини (датум и час на полагање), редовно следете ги известувањата – распоредите за испитната сесија на официјалната веб-страна www.eu.edu.mk и социјалните мрежи.

За сите прашања, Студентската служба е достапна секој работен ден од 08:00 до 18:00 часот, на e-mail: [email protected] и на телефонските броеви 02 320 2100, 02 320 2101 и 078 482 050.

ПОСТАПКА ЗА ONLINE ПРИЈАВУВАЊЕ ИСПИТИ ВО ФЕВРУАРСКА СЕСИЈА 2021/2022

Формуларот [e-Пријави] во pdf формат, прилагодени за електронско пополнување се достапни за преземање на следниот линк:

е-ПРИЈАВА ЗА ИСПИТ [формулар]

Пополнете е-Формулар и доставете го електронски по e-mail заедно со доказ за уплатен надоместок до референтите од Студентска служба, и тоа:

1.Факултет за стоматологија

2.Факултет за стоматологија – Забни техничари

3.Факултет за економски науки

[email protected]

4.Факултет за детективи и криминалистика, и

5.Факултет за правни науки

[email protected]

6.Факултет за информатика, и

7.Факултет за арт и дизајн

[email protected]

Надоместокот за пријавување на испит е 620 денари. Жиро с-ка 300000002540078 Комерцијална банка АД Скопје.