УПИСИ 2022/23 – ПОВОЛНОСТИ ВО М.АПРИЛ

ФАД распоред септемвриска испитна сесија – академска 2020-2021
август 31, 2021
ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА СТУДЕНТИ – НАЧИН НА ПОЛАГАЊЕ НА ИСПИТИ И ОДБРАНА НА ДИПЛОМСКИ/МАГИСТЕРСКИ ТРУДОВИ ВО СЕПТЕМВРИСКА СЕСИЈА 2020/2021
септември 2, 2021
Прикажи ги сите

УПИСИ 2022/23 – ПОВОЛНОСТИ ВО М.АПРИЛ

Почитувани идни студенти,

Оваа година, редовните цени на годишната школарина се повторно намалени.

Наместо 1.500€, Вашата годишна школарина при упис во академската 2022/2023 година на Факултетот за детективи и криминалистика, Факултетот за арт и дизајн, Факултетот за економски науки, Факултетот за информатика и стручните студии за забни техничари, ќе изнесува 1.250€ до завршување на студиите.

Наместо 3.000€, Вашата годишна школарина при упис во академската 2022/2023 година на академските студии на Факултетот за дентална медицина, ќе изнесува 2.500€ до завршување на студиите.

При Аплицирањето/уписот плаќате депозит од 300€ , односно 500€ на Факултетот за дентална медицина. Депозитот се засметува кон ратите за првата година студии. Како дополнителна поволност за кандидатите кои аплицираат во промотивниот период во м.март, плаќањето на школарината е на 6 /шест/ рати. 

Дополнителна поволност при упис во месец април – 10% попуст на редовната цена на школарина за 2022/2023 година, доколку извршите уплата на целиот износ во рок од 7 /седум/ дена од поднесувањето на апликацијата.

ПРОМОТИВНИТЕ ЦЕНИ НА ШКОЛАРИНА ЗА МЕСЕЦ МАРТ ВАЖАТ САМО СО УПЛАТА НА ЦЕЛИОТ ИЗНОС ВО РОК ОД 10 /ДЕСЕТ/ ДЕНА ОД ПОДНЕСУВАЊЕТО НА АПЛИКАЦИЈАТА.

За да ги искористат поволностите, апликација за упис на прв циклус можат да поднесат и кандидатите кои сеуште немаат завршено средно образование, но ќе завршат/ матурираат оваа година. Во тој случај поднесената апликација нема да се смета како пријава за упис, туку како резервација на уписно место, а уписот ќе биде извршен откако кандидатите ќе ги исполнат условите пропишани со Конкурсот и ќе ги достават сите потребни документи, но не подоцна од 30.09.2022.

КОНКУРСИ ЗА УПИС НА I И II ЦИКЛУС СТУДИИ

Конкурс за упис I циклус 2022/2023

Конкурс за упис II циклус 2022/2023

Апликациите за упис можете да ги преземете од следните линкови:

АПЛИКАЦИЈА ЗА УПИС 2022/2023 – I ЦИКЛУС

АПЛИКАЦИЈА ЗА УПИС 2022/2023 – II ЦИКЛУС

Пополнете ја Апликацијата електронски, кликнете Save, и електронски доставете ја заедно со скенираните документи со кои располагате, а се пропишани со Конкурсот, на следната e-mail адреса: [email protected]

*документите што ќе ги поднесете електронски, комплетно ги доставувате до Студентската служба заедно со сите останати пропишани документи согласно Конкурсот, во оригинал, најдоцна до 30.09.2022

Заинтересираните кандидати за трансфер пополнуваат апликација за упис и заедно со документите пропишани со Конкурсот, доставуваат и скен од Уверение за положени испити и копија од Индекс, на e-mail адресата [email protected]

За дополнителни информации можете да се обратите до Студентската служба на Европски Универзитет, секој работен ден од 08:00 – 18:00 часот, на e-mail: [email protected] и на телефонските броеви 02 320 21 00, 02 320 2101 и 078 482 050.

УПЛАТНИЦА ЗА ДЕПОЗИТ – Факултет за детективи и криминалистика, Факултет за арт и дизајн, Факултет за економски науки, Факултет за информатика, стручни студии Забни техничари

УПЛАТНИЦА ЗА ДЕПОЗИТ – Факултет за дентална медицина (академски студии) 

 

УПЛАТНИЦИ СО ПРЕСМЕТАН ПОПУСТ 10% ЗА I ГОДИНА (*ЗА УПЛАТА НА ЦЕЛ ИЗНОС)

УПЛАТНИЦА ЗА ШКОЛАРИНА (10% ПОПУСТ ЗА I ГОДИНА)  – Факултет за детективи и криминалистика, Факултет за арт и дизајн, Факултет за економски науки, Факултет за информатика, стручни студии Забни техничари

УПЛАТНИЦА ЗА ШКОЛАРИНА (10% ПОПУСТ ЗА I ГОДИНА) – Факултет за дентална медицина (академски студии) 

Ве очекуваме. 

ЕВРОПСКИ УНИВЕРЗИТЕТ Скопје

Едно семејство, една визија.