Почитувани студенти,
Согласно донесената одлука на Ректорската управа на ЕВРОПСКИ УНИВЕРЗИТЕТ Скопје, Ве известуваме дека:
- СЕ ВОВЕДУВА комбиниран метод – online / физичко присуство, за полагање испити и одбрана на дипломски и магистерски трудови, во текот на месец септември – септемвриска испитна сесија во академската 2020/2021 година.
- За информации во врска со конкретните термини (датум и час на полагање), како и за тоа кои испити / одбрани ќе се спроведуваат online, а кои со физичко присуство на студентите (согласно изборот на предметниот наставник), редовно следете ги известувањата – распоредите за полагање што се објавуваат на официјалната веб-страна www.eu.edu.mk и социјалните мрежи.
- За студентите кои се наоѓаат надвор од државата, полагањето на испити, одбрана на дипломски и магистерски трудови ќе се спроведува online.
Согласно глобалниот календар на активности, полагањето на испитите во септемвриската испитна сесија ќе се спроведе во периодот од 06.09 до 17.09.2021 година.
За сите прашања, Студентската служба е достапна секој работен ден од 08:00 до 18:00 часот, на e-mail: [email protected] и на телефонските броеви 02 320 2100, 02 320 2101 и 078 482 050.
Со почит,
ЕВРОПСКИ УНИВЕРЗИТЕТ