Моден настан EXPO.30

Подарување Bluetooth звучник JBL GO2
август 23, 2021
ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА СТУДЕНТИ – ON-LINE ПРИЈАВУВАЊЕ НА ИСПИТИ ВО СЕПТЕМВРИСКА СЕСИЈА 2020/21
август 23, 2021
Прикажи ги сите

Моден настан EXPO.30

Модниот настан EXPO.30 ќе се одржи на 16-ти и 17-ти септември во Музејот на современа уметност во Скопје, во организија на Боттега Евенти. Настанот е поддржан од страна на Владата на РС Македонија по повод 30 години независност. Во фокусот на EXPO.30 е македонската мода претставена преку премиерна проекција на документарен филм за ретроспектива на модата во првите 30 години независност и преку модни ревии на 10 македонски модни дизајнери, одбрани претставници на 3 декади и групна модна ревија на 4 факултети за моден дизајн. Во EXPO зоната ќе изложуваат 10 македонски компании, а музичката подлога за модните ревии и за зоната ќе биде компилирана од 10 македонски ди-џеи.
Факултетот за арт и дизајн при Европски универзитет ќе учествува во модните ревии со креациите на нашата студентка од вториот циклус Данијела Савиќ.