Почитувани студенти,
Пријавувањето на испитите од септемвриската испитна сесија во академската 2020/21 година ќе се врши on-line во периодот од 23.08 до 27.08.2021 година.
Согласно глобалниот календар на активности, полагањето на испитите ќе се спроведе во периодот од 06.09 до 17.09.2021 година,.
За информации во врска со конкретните термини (датум и час на полагање), како и за тоа на кој начин ќе спроведуваат испитите – online или со физичко присуство на студентите, редовно следете ги известувањата – распоредите за полагање на официјалната веб-страна www.eu.edu.mk и социјалните мрежи.
За сите прашања, Студентската служба е достапна секој работен ден од 08:00 до 18:00 часот, на e-mail: [email protected] и на телефонските броеви 02 320 2100, 02 320 2101 и 078 482 050.
ПОСТАПКА ЗА ONLINE ПРИЈАВУВАЊЕ ИСПИТИ ЗА СЕПТЕМВРИСКА СЕСИЈА 2020/2021
Формуларот [e-Пријава] во pdf формат, прилагоден за електронско пополнување е достапен за преземање на следниот линк:
Пополнете го еФормуларот (пријава за испит) и доставете го електронски по e-mail заедно со доказ за уплатен надоместок до референтите од Студентска служба, и тоа:
1.Факултет за стоматологија
2.Факултет за стоматологија – Забни техничари
3.Факултет за економски науки
4.Факултет за детективи и криминалистика, и
5.Факултет за правни науки
6.Факултет за информатика, и
7.Факултет за арт и дизајн
Надоместокот за пријавување е 620 денари за испит. Жиро с-ка 300000002540078 Комерцијална банка АД Скопје.