„15 години Факултет за арт и дизајн“ при Европски Универзитет Скопје – врвна креативност, знаење и вештини

Ретроспективна изложба на ФАД 2021
јули 4, 2021
Факултет за детективи и криминалистика – информативна online сесија
јули 7, 2021
Прикажи ги сите

„15 години Факултет за арт и дизајн“ при Европски Универзитет Скопје – врвна креативност, знаење и вештини

“Да се одбележи 15-годишен јубилеј значи да се пристапи кон посветена вредна и континуирана работа пред сè на нашите ценети професори и соработници се со единствена цел да создадеме успешни кадри кои со своето знаење стекнато на факултетот ќе остават силен белег во општеството.  Факултетот за арт и дизајн секогаш бил гордост, но и душата на Европскиот универзитет-Скопје“, истакна проф. д-р Билјана Андреска-Богдановска, член на Управниот одбор на Универзитетот

Врвната креативност, знаењето и вештините се печат на Факултетот за арт и дизајн при Европскиот универзитет –Скопје, кој вчера одбележа 15 години од своето постоење. Токму со ретроспективната изложба насловена „15 години Факултет за арт и дизајн“ пред присутните, но и пред сите посетители во наредните денови, се презентира целата креативност, иновативност и убавина создадена од младите луѓе образувани на оваа високообразовна установа.

“Факултетот за арт и дизајн ги отвори вратите за првата генерација студенти во 2006 година и со тоа понуди остварување на сонот на многу млади луѓе, кои мечтаеја да студираат дизајн дома, во својата земја. Преку оваа јубилејна ретроспективна изложба, во чија реализација учествуваше целиот тим на факултетот, сакаме да покажеме еден мал, но значаен и одбран мозаик од досегашното творештво на факултетот. Ќе видиме дела кои се настанати во рамки на наставните содржини, дипломските и магистерските трудови, проектите и работилниците, ревиите, конкурсите за дизајн. Изложбата, која е поставена во просториите на универзитетот, ќе им покаже на посетителитекоја е улогата на дизајнот во денешното општество и ќе ги мотивира новите студенти во нивните потраги за нови знаења и вештини“, истакна деканката на Факултетот за арт и дизајн, проф. д-р Гордана Вренцоска.

Нејзиното враќање од магистерски студии по дизајн во Велика Британија коинцидираше со отворањето на Факултетот за арт и дизајн, и како што истакна, знаеше дека токму тоа е местото каде ќе може да го применисвоето новостекнато знаење во целост. Деканката Вренцоска вчера ги потсети присутните и на големата поддршка добиена од оснивачот и претседател на Европскиот универзитет, проф. д-р Бојо Андрески.

“Претседателот Андрески континуирано ги следеше нашите активности и беше присутен на сите презентации, годишни изложби, модни ревии и други поважни настани. Иако го изгубивме прерано, неговиот дух и енергија ќе бидат присутни и понатаму. Им благодариме на Управниот одбор на универзитетот за продолжувањето на неговата визија и за нивната поддршка што факултетот постојано ја добива во своето работење“, додаде деканката проф. д-р Вренцоска.

Инаку, Факултетот за арт и дизајн при Европскиот универзитет-Скопје е дел од високото образование во областа на уметноста и дизајнот во нашава земја веќе 15 години. Во текот на своето работење едуцираше голем број кадри кои успешно работат и творат во земјава и странство.

“Преку различните активности се промовира дизајнот како академска дисциплина, а со изложбите, модните ревии и проекти факултетот ја запознава пошироката публика со методологијата на работа во градењето на професионалните кадри во дизајнот, како и мотивирање на младите луѓе за изучување на оваа креативна професија“, истакнаа и Миро Кацаров и Стефан Лазаров, познатите македонски водители кои исто така се дел од големото семејство на овој универзитет.

Во рамките на Ретроспективната изложба која вчера ја проследија и амбасадорот на Република Бугарија во Македонија, Ангел Ангелов, членовите на Управниот одбор на Европскиот универзитет, како и ректорската управа и професорите и студентите на Европскиот универзитет-Скопје, а која од денеска ќе може да ја види и пошироката јавност, се дела од насоките графички дизајн, моден дизајн и дизајн на ентериер, дипломски и магистерски трудови, дела од поранешни изложби, документарни фотографии… Изложбата е поддржана и од Министерството за култура.

“Да се одбележи 15-годишен јубилеј значи да се пристапи кон посветена вредна и континуирана работа пред сè на нашите ценети професори и соработници се со единствена цел да создадеме успешни кадри кои со своето знаење стекнато на Факултетот ќе остават силен белег во општеството. Факултетот за арт и дизајн секогаш бил гордост, но и душата на Европскиот универзитет-Скопје“, истакна проф. д-р Билјана Андреска-Богдановска, член на Управниот одбор на Универзитетот. Таа во рамките на јубилејот им врачи благодарници на професорите на овој факултет, кои како што истакна, со нивната успешна мисија дадоа несебичен придонес во растење на Факултетот за арт и дизајн, пренесување на знаењето и искуство на студентите и продуцирање на успешни млади луѓе. Благодарници од страна на деканката Вренцоска беа доделени и на демонстраторите за придонесот во наставата и воннаставните активности, а изложбата беше заокружена со кратка модна презентација и музички настап на младата пејачка и студент на Европскиот универзитет Лина Пејовска.

На презентацијата можеа да се видат креациите на Стефанија Станковска, Алма Хаџија, Ивана Николова, Стефанија Фидановска, Ѓоре Петрушев, Анастасија Чадо и Фазиле Халили, кои не заостануваат зад врвните светски трендови.

Во рамките на настанот беше промовирано и видео и слоганот на Европскиот универзитет-Скопје “Едно семејство, една визија“.

Признанијата и наградите зборуваат за квалитетот

“Големиот број на годишни изложби, модни ревии, работилници, семинари, конференции кои се реализираа во овие 15 години сведочат за силната креативна енергија на студентите, но и за мисијата и посветеноста на наставниот кадар.Нашите студенти и факултетот досега добија преку 20 награди и признанија, меѓу кои и националната награда за општествена одговорност на претпријатијата, првите награди за дизајн на плакат во сеќавање на Холокаустоти Гран при на Младинскиот салон во Националната галерија. Бевме и остануваме општествено одговорни за подигнување на јавната свест за горливите проблеми на денешницата, посветени на екологијата, одржливоста, човековите права, добросостојбата на младите, инклузивноста“, истакна деканката на Факултетот за арт и дизајн проф. д-р Гордана Вренцоска.

(Д.Т.)  Фото: Н.Батев

Превземено од vecer