Ретроспективна изложба на ФАД 2021

Ректорката на Медицинскиот универзитет во Пловдив инаугурирана во почесен професор на Европски универзитет – Скопје
јули 4, 2021
„15 години Факултет за арт и дизајн“ при Европски Универзитет Скопје – врвна креативност, знаење и вештини
јули 6, 2021
Прикажи ги сите

Ретроспективна изложба на ФАД 2021

Факултетот за арт и дизајн при Европскиот универзитет, Скопје е дел од високото образование во областа на уметноста и дизајнот во Р.С. Македонија веќе 15 години. Во текот на своето работење едуцираше голем број кадри кои успешно работат и творат во земјава и странство. Преку различните активности се промовира дизајнот како академска дисциплина, а со изложбите, модните ревии и проекти факултетот ја запознава пошироката публика со методологијата на работа во градењето на професионалните кадри во дизајнот, како и мотивирање на младите луѓе за изучување на оваа креативна професија. Факултетот за својата работа има добиено голем број награди и признанија.
Оваа јубилејна година се одбележува со Ретроспективна изложба од досегашното творештво на Факултетот, на која ќе бидат претставени дела од насоките графички дизајн, моден дизајн и дизајн на ентериер, дипломски и магистерски трудови, дела од поранешни изложби, документарни фотографии. Министерството за култура даде поддршка на оваа изложба во рамки на Годишната програма на проекти од национален интерес во културата од областа на визуелните уметности, архитектурата и дизајнот за 2021.
Отворањето на изложбата е на 5 јули (понеделник) 2021 во 12.00 часот, во просториите на Европски универзитет Скопје. Во рамки на настанот, по поздравните говори и доделувањето благодарници, отворањето на изложбата ќе биде заокружено со кратка модна презентација. На настанот ќе бидат запазени потребните мерки за заштита на присутните од Ковид-19. Пошироката јавност изложбата ќе може да ја посети веќе од 6 јули, вторник.
Можно е да е слика од текст кој вели „години факултет за APT и дизајн ретроспективна изложба 2021 во простории TE на европски универзитет, скопје отворане: 5 зули 2021, 12.00 часот републикасевери македонија минис култура европски ниверзитет“