Ректорката на Медицинскиот универзитет во Пловдив инаугурирана во почесен професор на Европски универзитет – Скопје
јули 4, 2021„15 години Факултет за арт и дизајн“ при Европски Универзитет Скопје – врвна креативност, знаење и вештини
јули 6, 2021
Факултетот за арт и дизајн при Европскиот универзитет, Скопје е дел од високото образование во областа на уметноста и дизајнот во Р.С. Македонија веќе 15 години. Во текот на своето работење едуцираше голем број кадри кои успешно работат и творат во земјава и странство. Преку различните активности се промовира дизајнот како академска дисциплина, а со изложбите, модните ревии и проекти факултетот ја запознава пошироката публика со методологијата на работа во градењето на професионалните кадри во дизајнот, како и мотивирање на младите луѓе за изучување на оваа креативна професија. Факултетот за својата работа има добиено голем број награди и признанија.
Оваа јубилејна година се одбележува со Ретроспективна изложба од досегашното творештво на Факултетот, на која ќе бидат претставени дела од насоките графички дизајн, моден дизајн и дизајн на ентериер, дипломски и магистерски трудови, дела од поранешни изложби, документарни фотографии. Министерството за култура даде поддршка на оваа изложба во рамки на Годишната програма на проекти од национален интерес во културата од областа на визуелните уметности, архитектурата и дизајнот за 2021.
Отворањето на изложбата е на 5 јули (понеделник) 2021 во 12.00 часот, во просториите на Европски универзитет Скопје. Во рамки на настанот, по поздравните говори и доделувањето благодарници, отворањето на изложбата ќе биде заокружено со кратка модна презентација. На настанот ќе бидат запазени потребните мерки за заштита на присутните од Ковид-19. Пошироката јавност изложбата ќе може да ја посети веќе од 6 јули, вторник.