Почитувани идни студенти,
Со оглед на моменталната состојба и финансиските последици предизвикани од ширењето на коронавирусот (Covid-19), оваа година ги намаливме редовните цени на годишната школарина и дополнително ви овозможивме поволности при упис во месец јули.
Наместо 1.500€, Вашата годишна школарина при упис во академската 2021/2022 година ќе изнесува 1.250€ до завршување на студиите.
Наместо 3.000€, Вашата годишна школарина при упис во академската 2021/2022 година ќе изнесува 2.500€ до завршување на студиите.
Останува поволноста за сите кандидати кои ќе се запишат во месец јули, да ја исплаќаат школарината на 6 /шест/ рати, секоја академска година.
При Аплицирањето/уписот плаќате депозит од 300€ , односно 500€ на Факултетот за стоматологија. Депозитот се засметува кон ратите за првата година студии.
Дополнителна поволност при упис во месец јули – 10% попуст на редовната цена на школарина за 2021/2022 година, доколку извршите уплата на целиот износ во рок од 7 /седум/ дена од поднесувањето на апликацијата.
За да ги искористат поволностите, апликација за упис на прв циклус можат да поднесат и кандидатите кои сеуште немаат завршено средно образование, но ќе завршат/ матурираат оваа година. Во тој случај поднесената апликација нема да се смета како пријава за упис, туку како резервација на уписно место, а уписот ќе биде извршен откако кандидатите ќе ги исполнат условите пропишани со Конкурсот и ќе ги достават сите потребни документи, но не подоцна од 30.09.2021.
КОНКУРСИ ЗА УПИС НА I И II ЦИКЛУС СТУДИИ
Апликациите за упис можете да ги преземете од следните линкови:
АПЛИКАЦИЈА ЗА УПИС 2021/2022 – I ЦИКЛУС
АПЛИКАЦИЈА ЗА УПИС 2021/2022 – II ЦИКЛУС
Пополнете ја Апликацијата електронски, кликнете Save, и електронски доставете ја заедно со скенираните документи со кои располагате, а се пропишани со Конкурсот, на следната e-mail адреса: [email protected]
*документите што ќе ги поднесете електронски, комплетно ги доставувате до Студентската служба заедно со сите останати пропишани документи согласно Конкурсот, во оригинал, најдоцна до 30.09.2021
За дополнителни информации можете да се обратите до Студентската служба на Европски Универзитет, секој работен ден од 08:00 – 18:00 часот, на e-mail: [email protected] и на телефонските броеви 02 320 21 00, 02 320 2101 и 078 482 050.
УПЛАТНИЦА ЗА ДЕПОЗИТ – Факултет за детективи и криминалистика, Факултет за арт и дизајн, Факултет за економски науки, Факултет за информатика, стручни студии Забни техничари на Факултетот за стоматологија
УПЛАТНИЦА ЗА ДЕПОЗИТ – Факултет за стоматологија (академски студии)
УПЛАТНИЦА ЗА ШКОЛАРИНА СО 10% ПОПУСТ – Факултет за детективи и криминалистика, Факултет за арт и дизајн, Факултет за економски науки, Факултет за информатика, стручни студии Забни техничари на Факултетот за стоматологија
УПЛАТНИЦА ЗА ШКОЛАРИНА СО 10% ПОПУСТ – Факултет за стоматологија (академски студии)
Ве очекуваме.
ЕВРОПСКИ УНИВЕРЗИТЕТ Скопје
Една визија, едно семејство.