Почитувани идни студенти,
Ве известуваме дека Европскиот Универзитет е единствениот универзитет од нашата држава, кој е рангиран според
https://roundranking.com , кое е рангирање на водечки светски универзитети.
Европскиот Универзитет, претставен преку Факултетот за Информатика, во категоријата: Технички Науки, е рангиран на 560 место на World University Ranking, и на 215 место според областа: Настава.
Поволности на Факултетот за Информатика:
– 240 ЕКТС за вкупно само 31 испит и дипломска работа.
– Принцип 8-8-8. Дури 8 испитни сесии во една календарска година, само 8 испити во една година, вкупно 8 семестри.
– Имате можност да останете еден семестар на еден од највисоко рангираните универзитети во Европа преку Erasmus+ програмата.
Повеќе информации за уписот и студирањето на Факултетот за Информатика можете да добиете на информативната online сесија на ден 02.07.2021 (петок) со почеток во 13:00 часот. На вашите прашања ќе одговара Доц. д-р Игор Лазов.