Годишна изложба на ФАД 2020/2021

Подарување третман за ласерско белеење на Вашите заби
јуни 24, 2021
Факултет за стоматологија – информативна online сесија
јуни 30, 2021
Прикажи ги сите

Годишна изложба на ФАД 2020/2021

Почитувани,
Погледнете ја видео најавата за новата Годишна изложба на Факултетот за арт и дизајн, која се реализира во јубилејната 15-та година од неговото постоење. Иако и оваа година ја претставуваме во дигитална форма, на изложбата ќе видиме бројни дела кои сведочат за бесконечната имагинација, креативноста и трудољубивоста на нашите студенти. Покрај редовните наставни активности, тие учествуваа на конкурси за дизајн и на меѓународни студентски манифестации, се претставуваа во домашните и странските медиуми, испраќаа важни пораки за одржливост, екологија, човекови права, слобода и свест за јавните добра. Честитки за нивните успеси и достигнувања!
Албумот со изложбата можете да го погледнете на следниот линк:
Уживајте во дигиталната изложба и во нашите нови креативни соѕвездија!