ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА ПОЛАГАЊЕ СО ФИЗИЧКО ПРИСУСТВО

ФАД јунска испитна сесија 2019-2020
мај 20, 2020
ФС јунска испитна сесија 2019-2020
мај 29, 2020
Прикажи ги сите

ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА ПОЛАГАЊЕ СО ФИЗИЧКО ПРИСУСТВО

Почитувани студенти,

Ве известуваме дека согласно Уредбата со законска сила за дополнување на уредбата со законска сила за примена на законот за високото образование за време на вонредна состојба („Службен весник на РСМ“ бр.134/20), покрај on-line полагањето, во јунскиот испитен рок 2019/20 воведуваме и полагање колоквиуми и испити со физичко присуство на студенти. Истото се однесува и на одбраната на дипломски и магистерски трудови.

Редовно следете ги известувањата – распоредите на официјалната веб-страна www.eu.edu.mk и социјалните мрежи за конкретните термини (датум и час на полагање), како и за тоа кои колоквиуми/испити ќе се спроведуваат on-line, а кои со физичко присуство на студентите.

Почитувањето на мерките и препораките за спречување на ширење на коронавирусот (Covid-19) од страна на студентите кои ќе полагаат/бранат труд со физичко присуство, е задолжително. Протоколот за заштита и превенција е во прилог на оваа објава.

Повеќе информации околу испитите, колоквиумите или одбраната на дипломски/магистерски труд, можете да добиете во студентската служба лично на шалтер, на телефонскиот број 02 / 3 20 21 00 или по e-mail на: [email protected] Протоколите со кои се регулира полагањето/одбраната (on-line или со физичко присуство), се достапни на следниве линкови:

Protokol za on-line odbrana na diplomski i m-r trud + odbrana so fizicko prisustvo

Protokol za polaganje so fizicko prisustvo [junska sesija 2020]

Protokol za on-line polaganje [junska sesija 2020]

Електронските пријави за испити и колоквиуми, пријава на дипломски/магистарски труд и барање за рецензиона комисија со детални инструкции за нивното пополнување и електронска достава до email адресите на референтите од студентската служба се достапни на следниот линк:

ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА ON-LINE ПОЛАГАЊЕ

Општата временска рамка на пријавување/полагање колоквиуми и испити во јунската сесија е следната:

I КОЛОКВИУМ

термини за пријавување: од 18.05 до 22.05.2020

термини за полагање: од 01.06 до 05.06.2020

*освен на Факултетот за стоматологија, полагање: од 08.06 до 12.06.2020

II КОЛОКВИУМ

термини за пријавување: од 08.06 до 12.06.2020

термини за полагање: од 15.06 до 19.06.2020

*освен на Факултетот за стоматологија, полагање: од 22.06 до 27.06.2020

ИСПИТИ

термини за пријавување: од 01.06 до 05.06.2020

термини за полагање: од 22.06 до 30.06.2020

*освен на Факултетот за стоматологија, полагање: од 29.06 до 20.07.2020