ИЗВЕСТУВАЊЕ ДО ДИПЛОМИРАНИТЕ СТУДЕНТИ

ИЗВЕСТУВАЊЕ ДО СТУДЕНТИ
септември 4, 2026
Известување за пријава/заверка за зимски семестар 2026/2027
септември 29, 2026
Прикажи ги сите

ИЗВЕСТУВАЊЕ ДО ДИПЛОМИРАНИТЕ СТУДЕНТИ

Почитувани,
Ве известуваме дека, на барање на Државниот завод за статистика (ДЗС), потребно е дипломираните студенти да ги пополнат соодветните обрасци за прибирање податоци преку Националниот портал за е-услуги.
Обрасците се наменети за следните категории дипломирани студенти:
  • ВОИ50 – дипломирани студенти на прв циклус на студии;
  • ВОИ80 – дипломирани студенти на втор циклус на студии;
  • ВОИ70 – дипломирани студенти на трет циклус на студии.
За пополнување на соодветниот образец, потребно е да имате активен кориснички профил на Националниот портал за е-услуги.
По успешно пополнување и доставување на образецот, системот генерира официјална Потврда за успешно доставен образец.
Дипломираните студенти се должни потврдата за успешно доставен образец да ја достават до Универзитетот.
Во прилог на ова известување се достапни директните линкови и QR-кодовите за полесен пристап до соодветните обрасци.
Се замолуваат дипломираните студенти да го пополнат образецот што се однесува на циклусот на студии на кој дипломирале и да ја достават потврдата за успешно доставен образец.
Со почит,