ЕРАЗМУС+ КОНКУРС ЗА МОБИЛНОСТ 2026/2027

ФАД Априлска испитна сесија – академска 2025/2026 – термини за полагање
април 8, 2026
ЕРАЗМУС+ КОНКУРС ЗА МОБИЛНОСТЗА НАСТАВЕН И НЕНАСТАВЕН КАДАР 2026/2027
април 17, 2026
Прикажи ги сите

ЕРАЗМУС+ КОНКУРС ЗА МОБИЛНОСТ 2026/2027

ЕВРОПСКИ УНИВЕРЗИТЕТ Скопје

објавува

КОНКУРС

ВО РАМКИ НА ПРОГРАМАТА ЕРАЗМУС+

МОБИЛНОСТ ЗА СТУДЕНТИ

за академската 2026/2027 година

Во рамки на програмата ЕРАЗМУС+, Европски Универзитет Скопје распишува конкурс за Еразмус + мобилност за студенти.

Времетраење на мобилноста за студенти: од 2  до 12 месеци.

Вид мобилност за студенти: студирање или практиканска работа.

 

Мобилноста се остварува во рамки на потпишани билатерални договори меѓу Европски Универзитет Скопје и ЕУ универзитетите. / во оваа категорија покрај европските универзитети влегуваат и универзитетите од Турција и Србија.

 

  1. Критериуми и потребни документи за избор на студенти:

 

  • Просек на оценки (Уверение за положени испити);
  • Познавање на странски јазик (англиски јазик или јазик на земја домаќин);
  • Препорака од професор;
  • Мотивационо писмо (на македонски или англиски јазик);
  • Активност на универзитетот ( да се приложи доказ).

 

НАПОМЕНА: За сите избрани студенти ќе се спроведе тестирање на Еразмус +  онлајн платформата – Studentacademy, за познавање на англиски јазик пред реализирање на мобилноста.

Селекцијата/рангирањето на кандидатите ја прави Комисија за избор, формирана во рамки на ЕУ Скопје, согласносо утврдените критериуми: академскиот успех, познавање на англиски јазик или јазикот на земјата домаќин, активност, мотивација.

Кандидатите лично ја поднесуваат апликацијата до Канцеларијата за меѓународна соработка (Просторија бр.102 – секој работен ден од 10;00 до 11;30 часот, на приземје во просториите на Европски Универзитет Скопје.

Контакт: [email protected]

Рок за поднесување на апликациите е  од денот на објава, почнувајќи од 16.04.2026 година , заклучно со 15.05.2026 година

 

Еразмус Конкурс 2026 2027