


ЕВРОПСКИ УНИВЕРЗИТЕТ Скопје
објавува
КОНКУРС
ВО РАМКИ НА ПРОГРАМАТА ЕРАЗМУС+
МОБИЛНОСТ ЗА СТУДЕНТИ
за академската 2026/2027 година
Во рамки на програмата ЕРАЗМУС+, Европски Универзитет Скопје распишува конкурс за Еразмус + мобилност за студенти.
Времетраење на мобилноста за студенти: од 2 до 12 месеци.
Вид мобилност за студенти: студирање или практиканска работа.
Мобилноста се остварува во рамки на потпишани билатерални договори меѓу Европски Универзитет Скопје и ЕУ универзитетите. / во оваа категорија покрај европските универзитети влегуваат и универзитетите од Турција и Србија.
НАПОМЕНА: За сите избрани студенти ќе се спроведе тестирање на Еразмус + онлајн платформата – Studentacademy, за познавање на англиски јазик пред реализирање на мобилноста.
Селекцијата/рангирањето на кандидатите ја прави Комисија за избор, формирана во рамки на ЕУ Скопје, согласносо утврдените критериуми: академскиот успех, познавање на англиски јазик или јазикот на земјата домаќин, активност, мотивација.
Кандидатите лично ја поднесуваат апликацијата до Канцеларијата за меѓународна соработка (Просторија бр.102 – секој работен ден од 10;00 до 11;30 часот, на приземје во просториите на Европски Универзитет Скопје.
Контакт: [email protected]
Рок за поднесување на апликациите е од денот на објава, почнувајќи од 16.04.2026 година , заклучно со 15.05.2026 година