Почитувани студенти,
Ве известуваме дека во текот на месеците јуни, јули и август 2026 година, во Народната банка на Република Северна Македонија ќе се спроведува практична работа за студентите од прв и втор циклус на студии од областа на економијата, правото, информатичките науки и други општествени науки коишто се во доменот на работата на организациските единици во Народната банка. Практичната работа ќе се спроведува согласно капацитетот и потребите на организациските единици во Народната банка.